ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Штипски студенти присуствуваа на предавање на еден од најстарите фолклористи

„Фолклорот како чувар на народниот јазик и народниот бит“, беше тема на предавањето кое во организација на Книжевниот клуб „Кула“ на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ го одржа Иван Котев, собирач на народно творештво, фолклорист и истражувач. Котев веќе 50 години го проучува фолклорот, но и собира сказни, песни, анегдоти

October 31, 2019 17:42
in КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Фолклорот како чувар на народниот јазик и народниот бит“, беше тема на предавањето кое во организација на Книжевниот клуб „Кула“ на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ го одржа Иван Котев, собирач на народно творештво, фолклорист и истражувач. Котев веќе 50 години го проучува фолклорот, но и собира сказни, песни, анегдоти, пренесе МИА.

– Дојдов до сознание дека фолклорот е живот, дека целокупниот живот на луѓето всушност од најстарите времиња до денес се сублимира во фолклорот, во поговорката, песната, приказната, анегдотата, вицот, и во новите форми кои се раѓаат. Фолклорот е едно непресушно богатство кое се репродуцира преку духот на народот. За жал, не се посветува доволно внимание на фолклорот и ако нема некои ентузијасти кои од љубов го собираат и зачувуваат тоа народно богатство, тогаш ќе остане несобрано. Не е тоа од сега, ете и Цепенков, Миладиновци, Шапкарев исто така имале проблеми со издавањето на своите дела, вели Котев.

Идејата за ова предавање е иницијатива на доц. д-р Ана Витанова-Рингачева, а повод е тоа што студентите го учат предметот Народна литература во прва година, на Катедрата за македонски јазик и книжевност, но ретко имаат можност да се соочат со оние кои всушност го собрале народното творештво, а ние денес го имаме во пишана форма и имаме можност да го истражуваме.

– Токму затоа сакав да им ја овозможам таа привилегија на студентите да видат дека и денес има современи собирачи на народното творештво. Тие ги знаат имињата на Марко Цепенков, на Кузман Шапкарев, на Вук Караџиќ, но тоа е само во книгите, во литературата. Соочувањето со собирач на народно творештво кој и денес ѝ пркоси на современата технологија и на сето тоа што се случува околу нас е едно посебно доживување кое сакав да им го овозможам. Иван Котев е посебна појава во македонската фолклористика, поради тоа што тој автохтоно ги запишува фолклористичките единици така како што ги слуша, како што ги прима, не ги видоизменува, не интервенира во нив, значи го пренесува тој жив јазик на нашите предци кој полека изумира, изјави доц. д-р Рингачева.

Next Post

Рикер за РСЕ: Одредени лидери во ЕУ имаат поглед од 19 век на Западен Балкан

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk