ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Забрчанец го затрупа Котевски и неговата партија со непобитни аргументи во дебатата на ТВ21

Дебатата на моменти беше особено жестока. Котевски ја употреби вообичаената реторика, но не успеа да понуди контра аргументи за одбрана на неговата партија. „Знаете ли што значи да го лажете населението? Ова значи ширење паника кај населението, дека во земјава ќе се населат 150.000 емигранти. На прес конференција го лажевте населението!“ – го потсети Забрчанец во својата канонада од непобитни аргументи за тоа каква партија е ВМРО-ДПМНЕ, чиј директор на Центарот за комуникации е Котевски.

November 1, 2019 09:09
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Коста Петров, потпретседател на СДСМ, Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ, Иво Котевски, поранешен портпарол на МВР и директор на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Забрчанец, советник за односи со јавност на Премиерот Зоран Заев, учествуваа на вечерашната емисија #ClickPlus, на тема лажни вести.

Највпечатлив беше судирот меѓу Котевски и Забрчанец. Прв со директни обвинувања започна Котевски. Но, тоа се претвори во еден прилично нерамноправен дуел, бидејќи Забрчанец беше вооружен со тешка артилерија од аргументи и поенти пред кои Котевски беше сосема немоќен. Котевски направи неколку неуспешни обиди да ги возврати ударите, но одбраната му беше бледа и неубедлива. Тие ги вкрстија копјата на повеќе теми, но Забрчанец суверено владееше во дуелот со Котевски во текот на целата емисија.

„Еве неколку факти, бидејќи вели дека, кога ќе сме отворале уста, лага сме кажувале. Факт е дека ова Влада ја врати евтината тарифа на струјата со што овозможи повеќе граѓани да ја користат струјата и за греење, наместо да користат гориво што загадува. Цената на струјата овие две и пол години е стабилизирана за разлика од вртоглавиот раст на цената на струјата во нивното време. Факт е дека: Оваа Влада го намали ДДВ-то за парно од 18 % на 5 %, со цел што повеќе граѓани да се греат на парно, наместо на гориво што загадува. Факт е дека: Исклучените од парно што вие ги принудувавте да плаќаат иако не го користеа, нема веќе да плаќаат парно. И факт е дека: Оваа Влада обезбеди 10 милиони евра за 10 илјади Инвертер клими за граѓаните да можат да се греат на гориво што не загадува. Факт е и дека вие не направивте ништо во вашите 10 и кусур години владеење на тема чист воздух. Напротив, направивте сѐ за да овозможите атмосфера што загадува. Денес ние го чистиме воздухот што вие го загадивте“ – рече Забрчанец и го предизвика Котевски да каже една мерка што ја спроведе ВМРО-ДПМНЕ против загадениот воздух… кажете една мерка, јас наброив неколку конкретни. Немаше одговор.

https://www.facebook.com/tv21hd/videos/540042910127846/

Котевски се обиде да го возврати ударот на темата датум за преговори: „Цела Европа тврдеше дека Македонија ќе добие датум за преговори…“ – се обиде Котевски да провоцира.

На тоа Забрчанец му одговори дека „Европа направи историска грешка и тоа го потврдуваат сите европски лидери. Само вие не се согласувате со таа констатација. Котевски и Мицковски сте единствените што се радуваат за тоа што нашава земја не добила датум…“

Дебатата на моменти беше особено жестока. Котевски ја употреби вообичаената реторика, но не успеа да понуди контра аргументи за одбрана на неговата партија. „Знаете ли што значи да го лажете населението? Ова значи ширење паника кај населението, дека во земјава ќе се населат 150.000 емигранти. На прес конференција го лажевте населението!“ – го потсети Забрчанец во својата канонада од непобитни аргументи за тоа каква партија е ВМРО-ДПМНЕ, чиј директор на Центарот за комуникации е Котевски.

„Вашиот претседател на општинска организација Карпош, Јаневски изјавил дека химната е отстранета од образовните програми во 6-то. одделение, химната немало да се учи и удривте со дрва и камења по Владата, бидејќи ја отстранила химната од образовните програми во 6-то одделение. Химна не ни се учи во 6-то, се учи во 1-во и во 5-то одделение“ – беше уште еден пример што го посочи Забрчанец.

„Демантирана вест – како експресно се шири преку сите нивни канали и станува дезинформација? И тука сакам на теоретско ниво (чисто заради гледачите да направам разлика меѓу лажна вест и дезинформација). Лажна вест е одредена невистина, меѓутоа кога таа невистина ќе ја земе подрумската машинерија на ВМРО-ДПМНЕ и ќе почне да ја шири по своите портали, Фејсбук профили, таа лажна вест намерно, тенденциозно, со цел да создава паника и несигурност кај населението, допира до многу граѓани, тогаш станува дезинформација“ – објасни Забрчанец и даде уште еден пример за тоа како дејствуваат лажните вести.

Забрчанец ја илустрираше индустријата на ВМРО-ДПМНЕ во креирањето лажни вести со случајот кога тие повикаа на протести тврдејќи дека бугарски кран дошол да го отстрани споменикот на Александар од плоштадот:

https://www.facebook.com/tv21hd/videos/701418683698491/

„На пример: Бугарски кран влегува во земјава да го отстрани споменикот на Александар Македонски, извира од еден портал, во рок од неколку часа се шири уште на неколку десетици портали, десетици Фејсбук страници и стига до десетици илјади граѓани, истата вечер, граѓани се собираат на плоштадот во Скопје да го бранат споменикот на Александар Македонски од наводниот бугарски кран… Пазете, лажна вест, креирана преку нивниот подрумски систем за дезинформации, покренува граѓани од дома што одат на плоштад да го бранат споменикот! Знаете ли колкава одговорност имате со овие дезинформации, знаете ли дека може да предизвикате паника кај населението…?“

„Јас сум на вистина запрепастен кога слушам како Котевски зборува за притисоци врз медиуми. Ќе потсетам на еден телефонски разговор:

-МТВ пак нешто сега се амбицираат емисии да правеле за ова…

Таа му врли:

-Нема да прават.

Тој:

-Како?

-Нема да праат. Лиле ако продолжи така, може да лета од МТВ.

Овој извадок од еден телефонски разговор е синоним на состојбата во која што ја доведовте нашава земја и медиумите под ваш диктат! Обезбедувањето на Груевски влезе во ТВ21, да брише снимки од новинар. Вашиот премиер, вашиот партиски лидер на кого му служевте деценија и кусур, влегуваше во телевизии да ги брише снимките од снимателите коишто го снимале како шета по улица Македонија. Нарачувавте прилози, уредници се жалеа со слика на Фејсбук да ви пркосат бидејќи им ги менувате насловните страници. Уредници зборуваа, во телефонски разговори, дека се таков и таков тип на медиуми и дека можеби претерале со уредувањето кое што ви го дозволија. Ги нарекувате идиоти новинарите, ги нарекувате морони… Ја доведовте Македонија во ситуација на заробена држава, за ние денес, две и пол години потоа, имаме ситуација на најотворена Влада во регионот. Владава на земјава беше најмалку транспарента до 2017-та, а денес е најтранспарентната Влада во Регионот! Сите случаи на регистрирани напади врз новинари, МВР ги има расчистено… Со вашата претпоставена разговаравте и велевте: Бар од убиство на џандар и ќар некој да извлечеме! Ете тоа е ВМРО-ДПМНЕ, со нас на маса седи актуелен директор на Центар за комуникации на таа иста партија!“ – поентира Забрчанец.

 

https://www.facebook.com/tv21hd/videos/510707783105896/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Макрон, Мерц, Стармер и Туск во Кијив: Поддршка за Украина и повик за прекин на огнот

May 10, 2025

Петиција во ЕП: Кошта да ја откаже посетата на Белград поради присуството на Вучиќ во Москва

May 10, 2025

Во Швајцарија денеска САД и Кина почнуваат трговски преговори

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk