ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Албанија ги затвора ноќните клубови и дискотеки, за непочитување на мерката казна од 25.000 евра

July 20, 2020 15:16
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Поради се поголемиот број заразени од Ковид-19 во Албанија се затвораат ноќните клубови, дискотеки, лаунџ барови и секаков вид услужна дејност од оваа природа во затворено или на отворено, освен рестораните.

За оние кои нема да го почитуваат тоа предвидена е парична казна од три милиони леки или околу 25 илјади евра и едногодишна забрана за работа.

Во сите објекти од услужната дејност, исто така, се забранува музика после 20 часот, а за непочитувачите предвидена е парична казна од милион леки и шест месечна забрана за вршење на дејноста.

Како што информираше Огерта Манастирлиу, министерка за здравство и социјална заштита, на денешната прес конференција,Владата ја донела оваа одлука по предлог на Националниот комитет на експерти, откако било оценето дека овие средини станале жаришта на Ковид-19.

-Како што ве информиравме секојдневно, Албанија продолжува да бележи раст на број на заболени од Ковид-19.Оваа состојба низ која минуваме бара строга примена на безбедносните правила и протоколи. Секоја небрежност или непочитување на мерките, влијае врз здравјето на сите. Вирусот не избира кого ќе погоди. Тоа влијае врз сите возрасти и се шири брзо, кога луѓето тоа го дозволуваат, изјави Манастирлиу на денешната прес конференција.

Таа додаде дека е констатирано оти по олеснувањето на мерките овие средини се претвориле во места за собирање на младите, каде што почитувањето на мерките и протоколите целосно се игнорирани, претворајќи ги во потенцијални жаришта на инфекција.

-Поради тоа Влада донесе одлука, од денес да го запре овој предизвик на поставените правила за спречување на пандемијата, за да се намали бројот на инфекции, да се заштити здравјето на граѓаните и животот на најслабите меѓу нас. Сме го кажале и нема да се умориме да го повториме: наш приоритет број еден е да го заштитиме животот на граѓаните. Имајќи го предвид само овој приоритет, ќе ги преземеме сите неопходни мерки,порача Манастирлиу.

Откако ги наведе последните,вчерашни, официјални бројки на 4.090 заразени, 2.311 оздравени,112 починати и 1.667 активни на болеста, со посебн акцент на растот на оние на кои им е неопходно болничко лекување, министерката, како што рече, ги замолува сите строго да ги почитуваат мерките и протоколите, до откривањето на вакцина за опасниот, невидлив непријател. /МИА/

Next Post

(Инфографик) Просечната старост на автомобилите е 19,3 години, во првото полугодие увезени 8.000 половни коли

Shortcut

Најново

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk