ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Извештај на ИЈЗ: Намален бројот на новозаразени од Ковид-19 на неделно ниво, најмногу новозаболени на возраст од 40 до 49 години

July 21, 2020 11:39
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Институтот за јавно здравје денеска го објави неделниот извештај за периодот од 13 до 19 јули, во кој се евидентира намалување на бројот на новозаболени и оздравени лица, а зголемување на бројот на починати лица во однос на претходната недела. Во дадениот период направени се 8.161 тестирања (1.834 помалку од периодот од 6 до 12 јули, што се должи и на еден дополнителен неработен ден) и регистрирани се 1.038 позитивни случаи на Ковид-19, што е за 35 случаи помалку од претходната недела, соопшти Министерството за здравство.

Новозаболени се регистрирани во 26 града, при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (39,9 отсто) и во Штип (14,4 отсто). Во 17 града во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.

Во овој период се забележува промена на старосната структура на новозаболените во однос на претходните недели, при што најголем процент се лица на возраст од 40 до 49 години (21,1 отсто), потоа лица над 60 години (20,6 отсто), поголем број новозаболени се регистрира кај лица од 30 до 39 (20,4 отсто) и  кај лица од 50 до 59 години (19,7 отсто). Најмал број новозаболени има кај децата на возраст до девет години – 2,2 отсто и од 10 до 19 години – 3,5 отсто од вкупниот број новозаболени.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 88 лица или 9,5 отсто од новозаболените, што претставува намалување за два отсто во однос на претходната недела на известување, а кај 275 лица или кај 29,5 отсто регистрирано е присуство на коморбидитети, што е за два отсто повеќе од претходната недела.

Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени 38,6 отсто имале контакт со потврден случај на Ковид-19, а 12 лица (10 помалку од претходната недела) имале историја за патување во странство во минатите 14 дена.

Во периодот од 13 до 19 јули регистрирани се 545 оздравени лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 472 лица помалку од претходната недела на известување (6 – 12 јули). Пред ова намалување од 40 отсто на неделниот број на оздравени лица, три недели бројот на оздравени лица бележеше раст за околу 40 отсто на неделно ниво.

Во периодот од 13 до 19 јули, регистрирани се 44 смртни случаи, што е за осум повеќе од претходниот период. Најголем дел од случаите се лица над 60 години (81,8 отсто). Четириесет и еден од случаите се починати во болнички услови, а три вон болнички. Кај 35 од смртните случаи (79,5 отсто) регистрирани се претходни коморбидитети.

На 19 јули, според извештаите од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, ГОБ „8 Септември“, Болницата во Козле, клиничките болници во Битола и Штип, општите болници во Прилеп, Куманово, Велес и Гостивар, хоспитализирани се 392 лица позитивни на Ковид-19, од кои 102 се на кислородна поддршка, а пет на механичка вентилација, стои во извештајот на ИЈЗ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Во пожар кај Струмица изгореа комбајн, земјоделска механизација и овоштарник

НАЈНОВО

Ѓорѓиевски од Карпош: За 4 години ќе успееме да го обновиме овој руиниран систем

October 9, 2025

Сите заложници ќе бодат ослободени: Израел и Хамас се договорија за првата фаза од мировниот план на Трамп за Газа

October 9, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 9 октомври

October 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уапсена сопругата на лекарот во кого беше пукано во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 8 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Религија.мк: Владиката Петар во Москва служи литургија со Рускиот патријах Кирил – ќе се помоли за руската воена победа во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk