По денешната прес конференција на Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ, во која таа ја обвини Владата на СДСМ и ја опиша како неспособна да менаџира со текот на епидемијата и здравствениот систем кој се движи кон работ на пропаста, од центарот за комуникации на СДСМ излегоа со реакција на оваа изјава.
„Лажната грижа на Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ за здравјето на граѓаните веќе не поминува кај никого и затоа на изборите добија казна каква што заслужуваат.
Политиката едно зборувај, друго прави е целосно разобличена. Граѓаните добро видоа кој работи за заштита на јавното здравје, а кој го загрозува. ВМРО-ДПМНЕ зборува за непочитување мерки во изборна кампања, а токму таа партија и Мицкоски беа оние кои ги кршеа мерките за заштита од коронавирусот.
Целата јавност го виде неодговорно и опасно однесување на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ, сите видоа дека тој не се грижи за ничие здравје и затоа една прес-конференција преполна со лажни факти и манипулации тоа не може да го покрие“, се вели во соопштението на СДСМ.