ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев – Столтенберг: НАТО е тука за да помогне секогаш кога тоа ќе биде потребно

Заев благодарност за честитките и нагласил дека на овие избори се покажало оти граѓаните ја поддржаа посветеноста и исправниот реформски курс на Владата предводена од СДСМ.

July 26, 2020 18:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во телефоонски разговор му упати честитки на лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Зоран Заев за победата на предвремените парламентарни избори и изрази задоволство што во Република Северна Македонија е реизбрано политичкото раководство кое со своите храбри и исправни политики ја внесе земјата во НАТО, како 30-та земја членка, соопшти Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.

Како што се наведува во соопштението, соговорниците се согласиле дека со ова е потврдена определбата на земјава, како членка на НАТО, да го продолжи реформскиот пат кој значи напредок, развој и стабилност.

– Особено е важно, нагласи Столтенберг, што тоа се случи по решавањето на големи проблеми на меѓународен план и по спроведувањето на значајни реформи дома, што го потврдува демократскиот капацитет на македонскиот народ, се додава во соопштението.

Заев благодарност за честитките и нагласил дека на овие избори се покажало оти граѓаните ја поддржаа посветеноста и исправниот реформски курс на Владата предводена од СДСМ.

Тој нагласил и дека Северна Македонија цврсто останува посветена на демократските реформи и евроатланската ориентација.
– Двајцата соговорници се согласија дека имавме достоинствени, фер и демократски избори, како што доликува на земја членка на НАТО и на земја што почнува преговори за полноправно членство во Европската Унија, се наведува во соопштението на СДСМ.

Заев во разговорот истакнал и дека новата влада, предводена од СДСМ, со уште поголемо темпо ќе продолжи посветено да работи, особено на полето на економски напредок, на реформи во правосудниот систем, како и на политики кои ќе донесат развој и подобар живот за сите граѓани.

– Генералниот секретар на НАТО Столтенберг порача  дека и во идниот период ќе продолжи соработката меѓу НАТО и Северна Македонија како членка на НАТО, но и соработката и поддршката во однос на надминување на сите предизвици со кои се соочуваме, информира СДСМ.

Столтенбнерг се интересирал и за состојбата со ситуацијата со Ковид-19 и нагласил дека „НАТО е тука за да помогне, секогаш кога тоа ќе биде потребно“.

– Претседателот Заев изрази благодарност за поддршката и нагласи дека во однос на коронавирусот земјата реагираше брзо и навремено и не дозволи да се оптовари здравствениот систем, како што тоа се случи во некои други земји, се додава во соопштението.

 

Next Post

Над 16.3 милиони заразени со Ковид-19 во светот

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk