ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Марш за демократија“ на АА и Алтернатива: ДУИ не е победник на изборите, правото на глас мора да се почитува

July 27, 2020 21:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Држава што ги почнува преговорите за членство во Европската Унија не смее да дозволи дел од нејзините граѓани да бидат лишени од правото да избираат и да бидат избрани, што е основното човечко и политичко право во ЕУ, порача коалицијата на Алијанса за Албанците (АА) и Алтернатива од вечерашниот „Марш за демократија“ во Скопје.

Според коалицијата, ДУИ не е победник на овие избори и нема легитимитет да го застапува албанскиот народ во Северна Македонија.

Лидерите на Алијанса за Албанците и на Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши во обраќањето пред делегацијата на ЕУ од маршот упатија две барања до земјите – членки на ЕУ: да не се признае легитимноста на ДУИ како претставник на Албанците и да почне процесот на радикална реформа на Изборниот законик.

– ДУИ не е победник на овие избори, туку е арамија на албанската политичка волја. Може да ја има легалноста според Државна изборна комисија, но никогаш нема да има легитимност за застапување на албанскиот народ во Северна Македонија. Ако сме земја која има за цел европска интеграција, слободата и демократијата треба да бидат клучен збор за оваа интеграција. Бараме од земјите на Европската унија, да се ​​осуди злоупотребата на правото на глас и да не се признае легитимноста на ДУИ како претставник на Албанците во Северна Македонија, како и да почне процесот на радикална реформа на Изборниот законик за идните избори, како што оценија, да станат пример дека нашата земја ги исполнува европските стандарди за фер и демократски изборен процес, беше порачано од собирот.

За организаторите, изборите на 15 јули 2020 година се најнедемократските избори што некогаш биле одржани во земјава.

– Овие избори уште еднаш докажаа дека демократијата кај Албанците е безначајна идеја, зашто зборот „избори“ во албанскиот политички камп стана еквивалентен на зборот кражба. Манипулацијата со волјата на албанските гласачи, што веќе се случува на неколку изборни циклуси и која беше брутално истакната особено на последните избори, е аларм за нас дека ако не реагираме денес, утре може да биде предоцна. Како партија, може да се повлечеме од оваа нееднаква и не фер трка за нас, но се плашиме дека албанските гласачи ќе се лизгаат кон диктатурата и на долг рок може да има непожелни и непредвидливи импликации не само за Албанците, кои денес се жртви на државно фаќање, сметаат АА и Алтернатива.

Според нив, купувањето гласови, рекетирањето гласачи, корупцијата, заплашувањето, узурпацијата на слободата на избор, гласањето за луѓе кои не се тука, злоупотребата на записници и други манипулации со правото на глас се сигнали дека албанското општество во Северна Македонија е заробено од каста мафијаши.

– Овој начин на организирање на изборите, покрај тоа што става дамка на демократијата кај нас, предизвикува и обесхрабрување кај албанските граѓани да учествуваат на изборите кога веќе се знае резултатот и уште повеќе, ја убива демократијата, претворајќи се во монизам, диктатура или поточно демократија што како резултат може да има акумулирано незадоволство кое може да еруптира во незамисливи форми, потенцираа од двете партии.

Тие најавија дека борбата за демократија ќе продолжи. Веќе имаат, потсетија,  пратеници кои, независно дали како дел од мнозинството, ќе бидат гласот на Албанците.

Маршот почна во 19:00 часот од паркот Чаир, продолжи преку улицата „Цветан Димов“, кај трговскиот центар „Мавровка“, потоа приврзаниците на АА и Алтернатива помина покрај Владата, а собирот заврши пред канцелариите на Делегацијата на ЕУ.

Покрај албанските, можеа да се забележат и американски и знамиња на ЕУ, а меѓу транспарентите во првите редови беа оние со пораките „Нашата демократијата беше хакирана“, „Крадци во затвор, не во Владата“,Нè направивте сиромашни за да не купите“ и „Државен изборен криминал“.

Додека поминуваа покрај Владата, некои од учесниците ја исвиркуваа и скандираа.

Учесниците на маршот постојано беа придружувани од полицијата, а имаше и редари ангажирани од организаторите.

Иако беше најавено дека ќе бидат запазени сите заштитни мерки согласно корона протоколот, сепак, дел од учесниците не носеа заштитни маски или ги носеа, но под устата.

Next Post

Охрид - колони возила кон плажите, полно шеталиште, само дел од луѓето почитуваат мерки

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk