ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Доделена наградата „Ладислав Баришиќ“ за проектот „Тајните места на Скопје“ на Благоја Варошанец

Проектот открива дела и целини коишто преку годините и заради непланските зголемувања, украсувања и сквернавења на јавниот простор (особено со проектот Скопје 2014) се сокриени, запоставени, оштетени или оставени на забот на времето.

July 28, 2020 10:58
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на ликовни критичари „АИКА Македонија“ ја додели наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2020 година од областа на ликовната критика. Комисијата во состав Елена Вељановска, Ана Франговска и Нада Пешева одлучи наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2020 година да се додели на проектот „Тајните места на
Скопје“ на Благоја Варошанец, заради развиеноста, обемот на проектот и акутноста на истражувачката проблематика.

Проектот се осврнува на ургентната потреба од документирање, мапирање и архивирање на современото модерно уметничко наследство: скулптури, објекти, мурали, мозаици, витражи и сл., поставени во јавен простор на територијата на градот Скопје, создадени во периодот по втората светска војна сѐ до 90-тите години на 20 век. Тој им дава видливост на познатите, а открива и помалку познати остварувања на модерната, реализирани во јавен простор, на отворено, но и во разновидни објекти од јавен карактер: згради на јавни установи и деловни објекти, дворови на фабрики и сл. Ова истражување и дава светлина на модерната уметност и од контекст на круцијалноста во урбанистичкото планирање на градот, во кое уметнички дела се планираат како интегрален дел од една архитектонската целина, а не како нивна декорација.

Со тоа проектот открива дела и целини коишто преку годините и заради непланските зголемувања, украсувања и сквернавења на јавниот простор (особено со проектот Скопје 2014) се сокриени, запоставени, оштетени или оставени на забот на времето. Авторот се надева дека со нивното објавување ќе се зголеми познавањето на современата историја на уметност којашто нѐ опкружува и ќе се избегне нејзино свекравење од незнаење (како во случајот со споменичната целина во Старо Бачило во Маврово, делото на архитектот Радован Раѓеновиќ, каде има и постамент (кој датира од 70-те годни), со мозаик на познатиот уметник Глигор Чемерски, којашто преку промотивна комерцијална ангажирана акција на графит артист, беше „исшарана“).

Во тој контекс авторот на проектот, Благоја Варошанец, ќе посочи дека: „… овој проект ќе послужи како траен архивски материјал и едукативен пример во создавање на чувство на почит спрема историските вредности и еден континуитет на град кој живеел и ќе живее врз темелите на настаните и великаните кои учествувале во градење на тие вредности. Односот кон културното наследство и културните вредностите е нешто што се случува во затворени професионални кругови (уметници, архитекти, историчари на уметност, академици).

Затоа, крајните цели на овој проект се во формат на јавно образование, за да се направи разграничување на апсолутното право на приватна сопственост, како и за тоа која е културната вредност на таа сопственост, за заштитени културни споменици и јавно добро на јавен простор.“

Првичниот медиум на проектот, социјалните мрежи, дополнително помага во комуникација на содржините со пошироката јавност. Планираната публикација ќе послужи како алатка за архивирање на ова истражување, а планираниот симпозиум за аналитичко промислување и дискутирање на состојбата со овие дела и нивен третман во иднина, за да се спасат од заборавот.

Благоја Варошанец (1982, Скопје) е кустос во Музејот на современата уметност во Скопје. Дипломира на катедрата на Историја на уметност со археологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Образованието го продолжува на постдипломски интердисциплинарни Културолошки студии во книжевноста на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во 2019 година станува член на Извршниот одбор на МНК ИКОМ,
а во 2020 година се стекнува со стручното звање Виш кустос.

Неговата префесионална определба е ориентирана кон водење и презентирање на колекцијата во Музејот, како и презентирање на современи уметници. Има курирано над 50 изложби на светски познати уметници, изложби во соработка со Британскиот Совет, како и Биеналето на млади, интернационални изложби и соработки. Се занимава со фотографија и истражувања во областа на културата и уметноста. Доделувањето на наградата е овозможено со финансиска поддршка од Министерство за култура на РСМ и Град Скопје.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

„Упорност“ в четврток ќе полета кон Марс

НАЈНОВО

фото: Министерство за европски прашања

Муртезани на ГАК во Брисел: Зајакнувајќи ја правната држава дома, Северна Македонија ја зајакнува и ЕУ

September 16, 2025
Фото:МИА

Кочани шест месеци подоцна – „Не е само несреќа, ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи“

September 16, 2025

Јаневска вели се работи за недоразбирање, СДСМ реагира – Со една работа се пофалија и таа ја излажаа, учебници нема

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk