Христијан Мицкоски треба да собере храброст и конечно да го признае третиот изборен пораз што ВМРО-ДПМНЕ последователно го доживува од граѓаните и од СДСМ, реагираат од партијата.
„Залудно Мицкоски се обидува со лажни тврдења да бара алиби, со единствена цел, да го оправда сопствениот континуиран политички неуспех и изборен дебакл што го доживеа.
Македонските граѓани на фер и демократски избори одлучија земјата да продолжи напред, по патот што го трасираше Владата предводена од СДСМ.
Станавме членка на НАТО, граѓаните одбраа да станеме членка и на ЕУ, граѓаните одбраа да продолжи растот на платите, да има економска стабилност и развој, да има правда и одговорност за сите подеднакво.