ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Опомени за над 700 фирми кои добиле пари од државата, а не ги исплатиле вработените, следен чекор, јавно објавување

Управата за јавни приходи дополнително ќе соопшти податоци од анализата за спроведување на мерката за месец јуни.

July 29, 2020 07:32
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Над 700 фирми од земјава, најголемиот дел од Скопје, Тетово, Гостивар, Струга, Куманово, побарале поддршка од државата преку мерката за исплата на плата на вработените поради корона кризата, но парите на вработените не ги дале. Опомени се пратени до фирмите поради неисполлнување на обврските од уредбата, роковите се поминати за исплата, но од Управата за јавни приходи, апелираат да ги исплатат и да ја исполнат обврската, пред да бидат спроведени предвидените законски дејствија и да бидат јавно објавени.

Фирмите согласно владината мерка може да побараат поддршка од државата за исплата на плати на вработените, а со цел задржување на работните места, за април, мај и јуни. Анализата за спроведување и искористување на мерката за април и мај е готова и УЈП ја претстави, а за јуни се во тек анализите.

Анализата покажа дека 281 работодавач во април примиле поддршка во износ од 9 милиони 995 илјади 565 денари, а не ја исполниле обврската за исплата на плата за 722 вработен и во мај 427 компании воопшто не исплатиле плата за 984 вработени, а добиле финансиска поддршка во износ од 13,698,998 денари. Сто и дваесет компании од нив не ја исполниле обврската добиената помош добиена за вработените да ја исплати и за двата месеца.

Најчесто фирмите се средни, мали и микро претпријатија, а меѓу дејностите се од трговија, подготовка на оброци и служење храна, градежниот сектор, производство на облека, емитување програма, објекти за сместување, транспот, образование и слично.

За април 2020 на 19.780 работодавачи е исплатено вкупно 1 милијарда 793 милиони 207илјади 630 денари, за вкупно 128 илјади 315 вработени, додека за мај добиле  19.938 работодавачи во вкупен износ од 1 милијарда 666 милиони 373 илјади 597 денари, за вкупно 119.182 вработени.

Во двата месеца имало и такви компании кои побарале исправка за финансиската поддршка но не извршиле исплата а износот на плата по поднесените исправки. За тие комании, како што рече директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска податоците ќе се достават до Министерството за труд и социјална политика за да може да се утврди дали задржаните средства се основани или не.
На работодавачите кои користеле финансиска поддршка, а не извршиле исплата на плата доставени им се опомени за неисплатена плата и доколку не извршат исплата во определениот рок, ќе следи спроведување на постапка на присилна наплата на платата. Дополнително, додаде, Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување во ваков случај предвидува изрекување на глоба за сторен прекршок, а работодавачот ќе биде задолжен да ги врати добиените финансиски средства во целост, заедно со камата, во спроведена постапка на УЈП во соработка со Државниот инспекторат за труд.

-Управата за јавни приходи, располага со детални податоци за искористеноста на финансиската поддршка и будно ја следи состојбата на искористеност на мерките, но и почитување на обврските од законот. Податоците за компаниите кои примиле финансиска поддршка, а не ја исполниле обврската за исплата на платата ќе бидат доставени до Генералниот секретаријат на Владата како носител на мерката и исплатувач на финансиската поддршка, од каде истите ќе може да бидат и јавно објавени, рече Лукаревска.

Управата за јавни приходи дополнително ќе соопшти податоци од анализата за спроведување на мерката за месец јуни.

Во јуни 2020 финансиска поддршка е дадена на 17905 компании во износ од 1 милијарда 404 милиони 470 илјади и 647 денари, за вкупно 101 илјади 148 вработени.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Тинејџер од 16 години и двајца 18-годишници меѓу новозаразените со Ковид -19 во Битола

НАЈНОВО

Хамас објави крај на војната во Појасот Газа

October 9, 2025

Судот во Битола го одби предлогот за затворски притвор на осомничените во случајот со јавни набавки во РЕК Битола

October 9, 2025

Ѓорѓиевски: Ќе го завршиме булеварот Борис Трајковски до Драчево, ќе ја создаде најголемата градска шума во Расадник

October 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Нетфликс може да ги купи правата за емитување на Лигата на шампионите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белгиските медиуми: Дуелот со Македонија може да биде решавачки за пласман на СП 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нова гимназија во Аеродром и трипати поголема поддршка за младински проекти, ветува Шукова

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Борче Марковски: Кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби во РЕК Битола од 1,7 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk