ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

ИЈЗ: Намален бројот на новозаразени и починати, зголемен на оздравени од КОВИД-19

July 29, 2020 09:55
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Институтот за јавно здравје денеска го објави неделниот извештај за периодот од 20 до 26 јули во кој се евидентира намалување на бројот на новозаболени и починати лица од КОВИД-19,  а зголемување на бројот на оздравени во однос на претходната недела, соопшти Министерството за здравство.

Во дадениот период направени се вкупно 9.563 тестирања (1.402 повеќе од периодот од 13 до 19 јули) и регистрирани се 956 позитивни случаи на Ковид-19, што е за 82 случаи помалку од претходната недела. Во периодот на известување 10 отсто од тестираните се позитивни на  КОВИД-19.

Новозаболени се регистрирани во 29 градови, при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (37,3 отсто – благо намалување во однос на претходната недела) и во Штип (16,1 отсто благо зголемување во однос на претходната недела). Во 17 градови во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.

Во однос на старосната структура на новозаболените во овој период најголем процент се лица на возраст од 50 до 59 години (22,3 отсто), а поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 40 до 49 и над 60 години – 19,6 отсто во двете групи. Најмал број на новозаболени има кај децата на возраст до девет години – 2,6 отсто и од 10 до 19 години – 4,7 отсто од вкупниот број на новозаболени.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 127 лица или 14,2 отсто, а кај 279 лица или кај 31,3 отсто регистрирано е присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени 44,4 отсто имале контакт со потврден случај на Ковид-19, а 21 лице (девет повеќе од претходната недела) имале историја за патување во странство во минатите 14 дена.

Во периодот од 20 до 26 јули регистрирани се 654 оздравени лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 109 лица или 20 отсто повеќе од претходната недела на известување (13 – 19 јули).

Во периодот од 20 до 26 јули, регистрирани се 32 смртни случаи, што е 12 смртни случаи помалку од претходниот период. Најголем дел од случаите се лица над 60 години (84,4 отсто). Дваесет и девет од случаите се починати во болнички услови, а три вон болнички. Кај 26 од смртните случаи (81,3 отсто) регистрирани се претходни коморбидитети, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Next Post

Казни од по 2.000 евра за седуммина скопјани, не го почитувале полицискиот час

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk