ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Протест на туристички работници: Ако државата помогне на туристичкиот сектор, ќе помогне и на останатите дејности во стопанството зашто сите се меѓусебно поврзани

Апелираа дека веќе пет месеци не работат и не остваруваат никаков профит, поради што не можат да ги подмират тековните трошоци и обврски, а доведена е во прашање и нивната егзистенција. Доколку ваквата ситуација продолжи, ќе бидат приморани да стават клуч на врата.

July 29, 2020 18:33
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА

„Туризмот на респиратор“,„Ни треба помош сега и веднаш“, „Триста туристички агенции ќе стават клуч на врата“, „Државата ќе загуби милионски суми од даноци“, „Автобусите ќе останат паркирани“, „Помош за агенциите значи спас за туризмот“, беа само дел од транспарентите на денешниот мирен протест што го организираа туристичките работници.

Тие пред Владата уште еднаш ги искажаа своите барања и предупредија дека ако државата не реагира веднаш, секторот ќе колабира. Околу 5.000 семејства, рекоа, ќе останат без приходи и исто толку лица ќе треба да се пријават во Агенцијата за ваботување.

Апелираа дека веќе пет месеци не работат и не остваруваат никаков профит, поради што не можат да ги подмират тековните трошоци и обврски, а доведена е во прашање и нивната егзистенција. Доколку ваквата ситуација продолжи, ќе бидат приморани да стават клуч на врата.

– Постоиме со години, некои од нас од осамостојувањето на земјата. Секогаш сме биле партнери на државата, сметаме дека и таа, особено сега, треба да покаже дека ни е партнер. Со даноците што ние сме ги плаќале, државата плаќала администрација, здравство, образование, се. Сега е моментот кога бараме одговорност од оние на кои ние сме им биле партнери во нивните давачки. Сега тие треба да ни бидат парнетри  и да ни помогнат да опстоиме, не да профитираме, истакнаа учесниците на протестот.

Според нив, ако државата му помогне на туристичкиот сектор да опстане, ќе им помогне и на останатите дејности во стопанството зашто сите се меѓусебно поврзани.

Субвенционирање на платите од 14.500 денари до крајот на годината со 100-процентно покривање на придонесите, неповратна финансиска помош од 500 евра за фирми до пет вработени и од 1.000 евра за фирми со над пет вработени преку Фондот за туризам според остварен промет во 2019 година, одложување на исплатата на кредитите, ослободување од ДДВ и аконтација до крајот на годината, одобрување бескаматни кредити за сите без никакви услови, а за оние веќе одобрените пролонгирање на грејс периодот од шест на 12 месеци, се само дел од барањата на туристичките агенции од земјава.

За превозниците, пак, се бара наместо 50 проценти, како сега, капацитетот на исполнетост на возилата да биде 70 отсто од седиштата, како и до 2021 година да важи зелениот картон за 2020-та  кој е веќе платен, но не и искористен.

Иако уште во јуни директно ги доставија барањата во Министерството за економија, а потоа уште еднаш апелираа на сериозноста на ситуацијата, туристичките работници попладнево повторија дека очекуваат Владата да одговори конкретно како може да помогне.

Протестот почна во 16:00 часот, од Дрво Декор, продолжи кон булеварот „Кочо Рацин“, улиците „11 Октомври“, „Димитрие Чуповски“ и „Васил Главинов“, па преку булеварите „ВМРО“ и „Илинден“ заврши пред Владата. Учесниците беа следени од неколку автобуси како потсетување дека протестот го поддржуваат и превозниците.

Според организаторите, протестот нема никаква политичка позадина./МИА/

Next Post

Акценти од самитот на балканските лидери организиран од Атлантскиот совет

НАЈНОВО

Ѓорѓиевски: Напредува процесот на трасформација на работниот однос на вработените во училиштата, ќе се продолжи по изборите

September 1, 2025

Шукова: Визијата за Скопје започнува со современи, безбедни училишта за децата и поддршка за наставниците

September 1, 2025

Нови цени на горивата

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фабрицио Романо: Донарума се пресели во Манчестер сити за 39 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk