ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Договор на лидерите од Западен Балкан за економско опоравување на регионот

July 29, 2020 23:20
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерите на Западнобалканската шесторка ветија дека ќе ги олеснат и промовираат конкретните чекори кон регионален економски развој, со цел да го охрабрат економското закрепнување по кризата предизвикана од Ковид-19, објавено е на веб-страницата на организаторот на состанокот – вашингтонскиот Атлантски совет.

Така, како што се наведува, ќе се поттикне долгорочната конкурентност на регионот и ќе се зајакне неговиот фокус за инвеститорите.

Лидерите истакнаа дека сите граѓани во Западен Балкан наскоро треба да забележат опиплив напредок, бидејќи пандемијата драстично ја намали економската активност во регионот, додека регионалната економска интеграција, според Меѓународниот монетарен фонд и Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), би можела да зголеми  БДП за повеќе од 10 проценти.

Со цел да се покажат резултатите веднаш и да се зајакнат тековните процеси, лидерите најавија дека нивниот пристап во регионалните иницијативи ќе биде изграден на неколку столбови.

Првиот е примена на четирите слободи на движење во рамките на ЕУ – стоки, услуги, капитал и луѓе, што е срцето на европската интеграција.

За да го сторат тоа, лидерите им наложија на нивните институции, во координација со регионалните организации, да подготват акционен план структуриран околу четири слободи, за усвојување на самитот во Софија закажан за ноември како дел од Берлинскиот процес.
Како втор столб, заклучоците од денешниот самит го наведуваат брзото започнување на инвестициски проекти.

За таа цел, тие се посветени на создавање на потребните услови за да го максимизираат влијанието на инвестициите кои се дел од закрепнувањето, како и да помогнат во идентификувањето на проектите со регионално влијание, да создадат услови потребни за регионални иницијативи и да останат посветени на испорака на средства брзо, транспарентно и со најголемо влијание. Ова ќе обезбеди граѓаните на регионот да видат дека економската активност се одвива брзо.

Третиот и последниот столб е следење на имплементацијата – луѓето треба да знаат дека шесте од Западен Балкан го прават она што го ветуваат лидерите. Лидерите се согласија да ги применат потребните мерки на најтранспарентен, ефикасен и инклузивен начин за да го олеснат слободното движење на стоки, услуги, капитал и лица и да привлечат инвестиции.

Регионалниот совет за соработка има посебна улога во обезбедувањето рамка за напредок и подготовките за самитот во ноември во Софија, се вели во заклучоците од денешниот самит.

Next Post

Сончево со слаб до умерен ветер од североисточен правец

Shortcut

Најново

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk