ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заврши јубилејното 50. издание на фестивалот „Илинденски денови“

July 31, 2020 09:25
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

– Фестивалот „Илинденски денови“ е чувар на фолклорната традиција на нашата држава, но оваа манифестација е и чувар на светското фолклорно наследство, мост кој е изграден со врвен професионализам и искрена љубов кон народното творештво, истакна заменик министерот во Министерството за култура Владимир Лазовски на синоќешната последна фестивалска вечер во Битола.

На свеченото затворање, Лазовски нагласи дека песната и играта на сите етнички заедници во Северна Македонија се поврзани со сите традиции на народите во светот.

– Форматот на годинашното јубилејно издание на фестивалот „Илинденски денови“ е од особена важност за културните случувања во нашата држава во услови на светска пандемија. Битола повторно покажа дека има знаење, посветеност, чувство за глобалните текови…па така и во овие вонредни услови успеа да го сочува континуитетот на нешто што е најважно за секоја нација, а тоа е одржување на традицијата, предочи Лазовски.

Според Лазовски, Ковид-19 можеби во одреден период ја запре културата, но таа, како што рече, ќе најде начин и ќе остане жива, облагодарувајќи го ова тешко време што го живееме.

– Сакам да Ве уверам дека владината поддршка кон културата ќе продолжи, и на сите ви се забагодарувам што храбро се вклучивте во борбата со предизвикот со светската пандемија и на достоинствен начин ја покажавте вербата во одржувањето на трајните вредности во очи на најголемиот државен празник Илинден, истакна Лазовски.

Јубилејното издание на Републичкиот фестивал на народни игри и песни заврши со концерт „Од душата на традицијата“ на кој настапија кларинетистот Благојче Трајковски, вокалот Елена Андоновска и групата „Фонтана“ со пријателите. 

Next Post

Честитка од претседателот Пендаровски по повод муслиманскиот празник Курбан бајрам

НАЈНОВО

Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје градоначалник ќе се избира во вториот круг

November 1, 2025

Почна аплицирањето за студентски стипендии за 2025/2026: Рокот е до 15 ноември

November 1, 2025
Фото: МИА

Предизборен молк пред вториот круг: Денеска гласаат болни, затвореници и изнемоштени лица

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk