ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Во „Св. Наум Охридски“ во услови на КОВИД-19 од март до јули над 50 илјади прегледи и 850 операции

July 31, 2020 10:10
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Од март до крајот на јули во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ се извршени над 50 илјади прегледи и повеќе од 850 операции. Во просек, месечно, се реализирани 10 илјади прегледи, информираат од Клиниката.

Оттаму потсетуваат дека по прогласената епидемија на Ковид-19 во државава, оваа установа беше определена како болница во која се вршат хируршки третмани на пациенти кои не се инфицирани со коронавирус.информираат дека во изминатиот период,
Директорот на Клиниката по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, д-р Љубен Арсенков, потенцира дека сите пациенти се примени и ниту еден пациент не бил вратен или упатен во друга здравствена установа поради немање соодветен упат од матичен лекар или специјалист од секундарното здравство.
-Направена е реорганизација на работата во поликлиниката за да се намали ризикот од трансмисија на вирусот меѓу персоналот и пациентите. По првичното работење со две ургентни амбуланти, воведено на 23 март, веќе од 18 мај се отворени сите специјалистички амбуланти, кои секојдневно функционираат и покрај тоа што нема закажани термини преку националниот систем МојТермин. Болницата функционира со кадар од 70 доктори, 85 сестри, 36 болничари, 10 лаборанти и 18 рендген техничари. Од вкупниот кадар во установата, 7.5 отсто се ослободени во континуитет по одлука на Влада (бременост, хронични болести и друго). Иако се наоѓаме во фаза на реконструкција, беше организиран и изолаторен дел, каде се хоспитализираат пациентите како итни случаи, и им се врши тестирање за инфекција со коронавирусот. Доколку состојбата на пациентот тоа го дозволува, во рок од 24 часа го имаме резултатот, по што се продолжува со третманот“, вели д-р Арсенков.
Тој појаснува дека од почеток на јули е спроведен скрининг на вработените за присуство на антитела од COVID-19 и само четири вработени имале позитивен резултат за претходно прележана инфекција. Тоа говори за успешното спроведување на мерките за лична заштита.
Инаку, во оваа установа, на 27 февруари годинава е формирано координативно тело за справување со коронавирусот и донесени се протоколи за работа во услови на пандемија, со кои максимално се заштитени пациентите кои се прегледуваат, како и пресоналот кој работи во клиниката.
-Континуирано работиме на обезбедување адекватна заштитна опрема и услови во кои ќе продолжиме со безбедно работење, со цел подобрување на здравјето на граѓаните и обезбедување највисоко ниво на здравствена грижа“, вели д-р Арсенков.
Next Post

Ретка црвена панда се роди во Зоолошката градина во Берлин

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk