Министерството за одбрана потрошило 315.000 евра за изградба на туристички бунгалови во автокампот Свети Наум во Охрид, а на терен не функционира ниту еден од осумте планирани. Имено, неколкуте карабини кои се изградиле и се оставени да пропаѓаат седма година по ред, се изградени од неквалитетен материјал и не ги исполнуваат стандардите за таков тип бунгалови, истражува Љубиша Арсиќ за Нова ТВ.
Во врска со ненаменски потрошените пари, за кои постојат сомнежи дека е можно дел да завршиле и на приватни сметки, што уште се проверува, Јавното обвинителство во Охрид пред неколку месеци поднело кривична пријава против петмина.
Прв на листата е поранешниот министер за одбрана, Зоран Коњановски во чие време започнала целата операција, истовремено со најавата за проектот „АРМ мој вистински дом“ што се претвори во фарса, а наводно требаше да се обезбедат станови за армиските старешини. И ова со кампот во Свети Наум е вистинско промашување и за разлика од скандалот со становите кои никогаш не видоа ни темел, во случајот со бунгаловите постои штета по државната каса и токму затоа обвинителството судски ги гони и екс министерот за одбрана Фатмир Бесими, екс државниот секретар во министерството, Петар Есмеров и уште двајца вработени во секторот за недвижнини.
Сега се очекува старт на судски процес во кој четворица ќе одговараат за бесправна градба, додека Бесими е пријавен за непријавување кривично дело. Детали од кривичната пријава не сака да открие никој затоа што информациите за случајот се класифицирани како доверливи.
Целата истражувачка сторија, прочитајте ја тука