Многу ми е жал што не сте ПОЗИТИВНИ, знаев дека од стално сте биле НЕГАТИВНИ и дека сте ??????? – ова е коментар на граѓанин, откако на својота фејсбук група објави дека екипата на порталот Фронтлајн е негативна на коронавирус.
„Тимот на Фронтлајн се тестираше за коронавирус. Тестовите на сите се негативни. Заштитете го своето и здравјето на другите. Придржувајте се кон мерките за заштита од коронавирусот. Лесно е. Одржувајте дистанца, носете маски, мијте ги рацете и користете дезинфекција. Чувајте се! Продолжуваме понатаму“, пишува во објавата на Фронтлајн.
Говор на омраза имало, ќе има, а борбата за искоренување е тешка и континуирана.
Сепак, тимот на Фронтлајн на господинот (и госпоѓата), бидејќи фејсбук профилот е заеднички, им посакува одлично здравје и да се чуваат.
Да имаат позитивни мисли, секогаш да имаат негативни тестови за било која болест и никому да не посакуваат лошо.
Срдечен поздрав од екипата на Фронтлајн.