ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

Почнува „When in Krushevo“, наместо еден викенд, фестивалот ќе трае 10 дена

August 1, 2020 08:47
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Четврти летен фестивал „Кога си во Крушево“ (When in Krushevo) ќе се одржи од денеска до 10 август во тој град. Фестивалот, што првпат ќе се одржува цела недела, нуди голем број рекреативни содржини и „онлајн“ тури за сите возрасти.

Според  Димитар Ангелковски, еден од организаторите, во фокусот годинава се заштитата на здравјето и потребата за здрава рекреација.

-Со оглед на состојбата, годинава имаме видно изменет концепт на фестивалот. Се одржува по четврти пат. Обично го одржуваме еден викенд, но сега е од 1 до 10 август. Сакавме да ги избегнеме сите групирања. Фестивалот ќе се одржува насекаде низ Крушево и неговата околина. Секако, ќе бидат земени предвид сите протоколи препорачани од релевантните институции. Фокус ни се многубројни активности, без групирања и со пропишаните мерки. Имаме летање со параглајдер, јавање на коњи, планински веосипедизам и планинарење, но видно изменети, вели Ангелковски.

Новината годинава се и „онлајн“ турите.

-Годинава имаме објавено онлајн тури за планински велосипедизам и планинарско искачување. Така, секој учесник, на сопствена одговорност си ја симнува апликацијата со мапата која ја препорачуваме со неколку тури: долги, кратки. Концептот е интересен, но главно, на прво место, е заштитата на учесниците. Имаме виртуелна трка, трчање на пет километри.  Така, секој учесник на Фестивалот, од 1 до 10 може да си избере која било локација во градот, имаме упатства и сите кои ќе бидат најбрзи, ќе добијат и награди. Имаме искачување и на вештачка карпа за младите љубители. несекојдневно е и интересно. Ќе се изнајмување на велосипеди, објаснува Ангелковски.

Според него, голем е интересот со оглед на ситуацијата, а и дека граѓаните не може да патуваат па ги искористуваат потенцијалите на помалите туристички места.

-Ќе има доста посетеност, но, нормално, препорачуваме да се почитуваат сите мерки за заштита. Секој од учесниците со пристигнувањето во Крушево, може да си го подигнат пакетот. Билетите се по 400 денари и големи попусти. Сето може да го најдат во параглајдинг-центарот во Крушево, вели Ангелковски.

Сите посетители може да ги користат сместувачките капацитети за резервација, а информациите се достапни.

-Сметам дека посетителите ќе бидат задоволни. Целта е да ја подигнеме свеста и за заштита и за потребата да се рекреира. И секако, ги промовираме Крушево и здравите навики и кај младите и кај возрасните, нагласува Димитар Ангелковски, еден од организаторите на летниот фестивал „When in Krushevo“ (Кога си во Крушево).

Досега Фестивалот има две зимски изданија./МИА/

Next Post

Утрински преглед на вести: Тендер за идеен проект за „трамвај на тркала“ во Скопје, „When in Krushevo“ ќе трае 10 дена, по Илинден разговори за влада...

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk