Во последните 24 часа се направени 1.621 тестирања, а регистрирани се 138 нови случаи на ковид-19.
Починати се 7 лица, две пациентки од Скопје (64 и 67 години), пациентка од Македонски Брод (53г.), пациентка од Кичево (41г.), пациент од Битола (27г.), пациент од Дебар (78г.) и пациент од Штип (64г.).
Шест пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 144 оздравени пациенти
Досега во земјата се направени вкупно 103.938 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.891, бројката на оздравени пациенти е 6.698, на починати е 493, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.700.