ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Прилеп: Откривање на споменикот „Жртви на фашизмот“ во месноста Дабница.

Масакрот кај Дабница“ е извршен на 19 септември 1942 кај прилепското село Дабница од страна на фашистичкиот-бугарски окупатор. Во масакрот настрадале 19 луѓе.

November 2, 2019 23:47
in РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во недела 3 ноември, како дел од активностите на Општина Прилеп за одбележување на „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп, ќе биде откриен споменикот „Жртви на фашизмот“ во месноста Дабница.

„Споменикот за „Масакрот во Дабница“ ќе биде откриен утре (недела 3 ноември) во 9ч. по повод ,,3 -ти Ноември,“ -Денот на конечното ослободување на Прилеп.

„Честитки за градоначалникот Илија Јованоски и директорот на Завод и музеј Прилеп, Благоја Атанасоски што експедитивно ги вратија обележјата на НОБ во Прилеп, скриени и уништени: бистата на Тито во меморијалниот музеј,, 11 Октомври,, орденот Град -Херој, одликување врачено од Ј.Б.Тито и сега споменикот „Масакрот во Дабница“ што стоеше уништен, фрлен, заборавен.

Денешната слобода ја добивме со жртвите на нашите сограѓани, храбри борци во НОБ. Вечна слава и поклон до земја! Честит и вековит празник за вековит Прилеп!“, напиша Моника Талеска на својот Фејсбук профил.

Масакрот кај Дабница, е извршен на 19 септември 1942 кај прилепското село Дабница од страна на фашистичкиот-бугарски окупатор. Во масакрот настрадале 19 луѓе.

Статуата излеана во бронза, е дело на првиот академски образован скулптор од Македонија, Димо Тодоровски (1910 – 1983), која долго време стоела во чест на загинатите, била отстранета и загубена во 2002 година, а спомен обележјето оставено запуштено.

Вредно е да се спомене дека група ентузијасти во 2014 година на иницијатива на „Пактис“ од Прилеп и како дел од проектот „Граѓански активатор“ на здружението „Плоштад слобода“ – Скопје, извршија чистење  и отстранија голем дел од ѓубрето на локацијата околу спомен обележјето.

Иницијативата вклучуваше барање за обнова и реставрација на скулптурата за „Масакрот кај Дабница“, од страна на надлежните и нејзино повторно поставување на празниот постамент. – Уредување на спомен обележјето и околината.

Едит (3.11.2019)

Стариот сквернавен споменик од бронза, е пронајден во делови и многу оштетен, но ќе биде составен и поставен во Меморијалниот музеј 11 Октовмри, изјави градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски.

Новиот споменик дело на скулпторот Сашо Попоски е изработен од полимер бетон.

Фото галерија од откривањето на идентичната реплика од скулптурата на споменикот „Жртви на фашизмот“

Ј.Ѓ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Облачно и ветровито, со услови за дожд

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Трамп: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта за крај на војната во Украина

October 16, 2025

Шукова: Три итни приоритети за Скопје – отпадот, јавниот транспорт и загадувањето на воздухот

October 16, 2025

Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk