Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски го честиташе Илинден со карта на „Голема Македонија“, пренесе Локално.мк.
„Борбата за Македонија да не запре !!! Идејата е голема !!! Честит ИЛИНДЕН !!!“, пишува Димовски.
Лидерот на неговата партија, Христијан Мицкоски, во своето денешно обраќање во Ташмаруништа истакна дека сме станале општество на „лажни величини“ кои се воздигнуваат на ранг на морални судии, а кои по својата основа се трули, погрешни примери и кои доколку се компарираат со вредностите на западниот свет кон кој се стремиме, истакна, се апсолутно маргинални, ќе бидат отфрлени и неконкурентни.