Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека телефонски разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон кој го уверувал дека никогаш не ги критикувал бугарските граѓани, работници или институции, пренесе Радио Слободна Европа.
Ова следува откако Макрон, како што беше пренесено, за францускиот неделник „Валеус актиел“ изјавил дека, што се однесува до миграциската политика, „тој претпочита легална, регистрирана и миграција со квоти за неколку години, наместо скриена работа на црно“.
„Претпочитам луѓето да доаат легално од Гвинеја или Брегот на Слоновата Коска кои работат на работни места (како што се градежните или угостителските сектори каде е потребна работна сила) отколку бугарските и украинските илегални филијали“, рече Макрон.
Бугарија потоа испрати протестна нота до Франција во врска со изјавата на претседателот за неделникот, а вицепремиерот Красимир Каракачанов рече дека таа е „скандалозна“.