Преполовени паралелки, скратени часови , наставници кои ќе ја предаваат истата лекција скратено, по 20 минути на 2 групи од исто одделение – ова се само дел од препораките и протоколите на МОН за новата учебна година, објаснуваат од министерството за Телма.
Тие денеска објавија упатство и видео за чистење и дезинфекција на училници во време на корона пандемија. Одлогање на школската година нема да има па се очекува учениците со маски на лицето и на дистанца да се најдат во училишните клупи на први септември.
– Протоколите за отворање на училиштата се готови, останува да се доконкретизираат некои работи. МОН побара од СОНК да се вклучи со свои препораки и мислења, па очекуваме да добиеме став од нив до четврток, а за од понеделник протоколите да можат да бидат усвоени на седница на Владата – изјавила за Телма, Елизабета Наумовска, заменик-министерка за образование.
Од работа и од настава ќе бидат ослободени наставниците и учениците со хронични болести.