ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дескоска: Собранието е веќе конституирано, тече рокот за доделување на мандатот

August 6, 2020 14:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието е веќе конституирано и тече рокот од 10 дена за доделување на мандатот за состав на Влада, вели министерката за правда во заминување Рената Дескоска.

– Мандатот на пратениците, согласно Уставот, тече од конститутивната седница. Не може пратениците да имаат мандат во неконституирано Собрание. Собранието е веќе конституирано на конститутивната седница, објави Дескоска на незиниот официјален Фејсбук профил во врска со дебатата во јавноста дали Парламентот е конституиран во услови кога не е избран претседателот на законодавниот дом.

Во врска со примерите кои се посочуваат од 2006 и 2016 година, таа наведува дека кога се прават паралели меѓу два случаи треба да се води сметка за правните акти кои важеле во времето на превземањето на дејствијата и при тоа ги споредува членот 9 од Деловникот донесен во 2002 година кој важел во 2006 година кога претседателот Бранко Црвенковски го доделил мандатот за состав на влада на мандатарот Никола Груевски и членот 9 од Деловникот донесен во 2008 година, како што вели, без учество на опозицијата со едностран акт на владејачкото мнозинство, врз основа на кој е доделен мандатот во 2017.

– Не треба посебна анализа за да се согледаат разликите меѓу двата текста: првиот, оној од 2002 година е појасен, попрецизен, подемократски и со пологични одредби. Вториот, насила донесен од страна на тогашната власт во 2008 година, создава дилеми и проблеми во примената, а главна цел му е да ја стави палката за водење на конститутивната седница во рацете на поранешниот претседател на Собранието, вели министерката за правда.

Таа појаснува дека одредбата од членот 9 од Деловникот во 2002, а што го нема во текстот од 2009 уредуваше дека ако поранешниот претседател на Собранието не свика конститутивна седница, пратениците сами се состануваат во 10 часот на 21-от ден од завршување на изборите, дека со конститутивната седница претседава најстариот по години присутен пратеник и дека Собранието може да се конституира ако се верификуваат мандатите на 2/3 од вкупниот број пратеници.

– Во 2006, кога претседателот Црвенковски го додели мандатот за состав на Влада, немаше никакви дилеми дека Собранието беше конституирано со верификацијата на 2/3 од мандатите на пратениците. Деловникот на Собранието од 2008 година внесува чудна, ако не и апсурдна процедура на свикување на конститутивната седница ако тоа не го направи поранешниот претседател. Тогаш „стапува на сцена” најстариот пратеник, а ако и тој тоа не го направи, седницата може да ја свика пратеникот кому му доаѓа ред согласно редоследот на годините. Апсурд!, вели Дескоска и посочува дека  новиот деловник го користи терминот „претседател во заминување” што го оценува како апсурд создаден од лични мотиви.

Според неа, потребно е донесување нов деловник за да се превенираат ситуации на неуставното, незаконското и неделовничкото однесување како од „црниот понеделник“ од декември 2012 година

– Што можеме од ова да заклучиме?! Дека новиот текст на Деловникот од 2008 година е ретрограден, непрецизен и мотивиран од лични интереси на „владетелите“ од тоа време! Собранието треба сериозно да го „препрочита“ Деловникот и да донесе нов текст кој ќе ги отстрани ваквите небулози и ќе ги имплементира препораките од ад-хок комисијата за превенирање на ситуации како неуставното, незаконското и неделовничкото однесување претседателот на Собранието на 24 декември 2012, т.н. црн понеделник, наведува таа..

Што се однесува до толкувањето на Уставот и Деловникот околу различни прашања, за жал, оценува Дескоска, се покажува недостатокот на познавање на техниките и методите на толкување на правните норми од страна на многумина, вклучувајќи ги и правниците.

– Во изминативе години како министер се соочив со многу апсурдни толкувања и примени на законите од страна на администрацијата! Време е сите тие закони кои создаваат нефункционални и апсурдни толкувања и пракси да ги менуваме! А тие се во сите области! Ни треба јасен, функционален и логичен систем! Но, исто така ни треба правничко обрзование кое ќе ги учи идните правници како се толкуваат нормите, обрзование кое нема да ја занемарува логиката, порачува министерката за правда Дескоска.
Next Post

Преглед на вести во 15 часот: Еленовски ќе го ротираат, еден ден албанец, еден ден македонец, винил хлорид мономерот ќе се транспортира од државата...

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk