Прелиминарен договор за парламентарно мнозинство и формирање на нова Влада меѓу СДСМ и ДУИ сè уште нема, вели лидерот на СДСМ Зоран Заев во изјава за Телма.
Заев во изјава за телевизијата повика на воздржаност и разбирање кога станува збор за преговорите за мнозинство и Влада.
„Јас молам за разбирање. Навистина е потребно. Не е точно дека имаме прелиминарен договор“, вели Заев.
Во текот на вчерашниот ден повеќе медиуми јавија дека СДСМ и ДУИ веќе се договориле за формирање нова влада, пренесувајќи го писмениот став од СДСМ по средбата на нивниот генерален секретар Љупчо Николовски со Артан Груби од ДУИ.







