ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Лани за првпат сме имале помалку од 20.000 живородени во земјава (инфографик)

August 9, 2020 08:46
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на живородени во нашата земја лани изнесувал 19.845 деца и за првпат во изминативе 25 години падна под границата од 20.000 на годишно ниво, откриваат податоците од новата публикација за природното движење на населението на Државниот завод за статистика, пренесе „Мета.мк“.

Споредбата на податоците од периодот 1994-2019 година покажува драстично намалување на бројот на живородени и пораст на бројот на починати лица. Имено, во 1994 година во земјава имало 31.421 живородени, додека во 1995 година имало 29.886 живородени деца, а со текот на годините, наталитетот во земјава постепено опаѓа. Покрај тоа што бројот на живородени се намалил за повеќе од 10.000 деца во изминативе две и пол децении, во истиот период бројот на починати се зголемил за речиси 5.000 лица. Во минатата година починале 20.466 лица, со што природниот прираст прв пат е негативен и изнесува -601.

Повеќе истражувања и студии во изминатиов период покажуваат дека една од главните причини за намалување на наталитетот во земјава е иселувањето на младата популација. Ваквите трендови продолжуваат, а во недостиг на попис на населението нема точни бројки за бројот на иселените лица.

Во Студијата за млади на Северна Македонија 2018/2019 изработена од Фондацијата Фридрих Еберт се констатира дека кај младите во Македонија сè уште постои желбата за миграција и напуштање на земјата, во потрага по подобар животен стандард.

„Како импликација од спроведените истражувања за младите се добива сознание дека младите на иселувањето гледаат како на можност да се стекнат со финансиска независност од родителите и со сопствено место за живеење, не можејќи истото да го остварат преку вработувањето во матичната земја. Според истражувањата, 80 отсто од полнолетните млади луѓе сè уште живеат во домот на своите родители“, се вели во студијата.

Во неа се додава дека во однос на желбата за миграција надвор од земјата, младите можат да се поделат во три групи: една третина од младите имаат силна желба да ја напуштат матичната земја, една третина изразиле средна желба за миграција, и една третина воопшто немаат таква желба.

Истражувањето покажало дека за повеќето млади луѓе или за 48,3 отсто главна причина за иселување е подобрување на животниот стандард, потоа е наведена повисоката плата за 17,5 отсто, подобри можности за вработување со 11,3 отсто и подобро образование за 7,8 отсто од испитаниците.

Next Post

Зелена иднина без јаглен е основа на Стратегијата за климатска акција

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk