ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

(ВИДЕО) Што му прават теориите на заговор на вашиот мозок

Зошто луѓето веруваат во теории на заговор? Како влијаат теоријата на заговор врз мозокот?  Неврологот Шенон Одел за магазинот „Inverse“, објаснува што се случува со мозокот и зошто луѓето не сакаат само да веруваат, туку и вистински веруваат.

August 9, 2020 12:58
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Зошто луѓето веруваат во теории на заговор? Како влијаат теоријата на заговор врз мозокот? Неврологот Шенон Одел за магазинот „Inverse“, објаснува што се случува со мозокот и зошто луѓето не сакаат само да веруваат, туку и вистински веруваат.

– Теориите на заговор доживуваат ренесанса во моментов. Се чини дека секој ден слушаме за рапер, кој верува дека земјата е рамна плоча, или атлет, кој верува дека атерирањето на месечината е лажно, или дека супериорна раса на вонземјани се инфилтрирани на земјата и живеат меѓу нас, и дека се подготвуваат за инвазија и евентуално поробување на целата човечка раса.


Па, како може мозокот што поинаку функционира да верува во вакви неверојатни идеи?
Човечкиот мозок е конструиран да гледа обрасци, кои ни помагаат да преживееме.
Темните облаци значат дека се приближува невреме. Мистериозните сенки значат дека некое диво животно се обидува да ве нападне, на тој начин мислиме.

Сензорните обрасци ви го спасуваат животот.
Процесуирањето на обрасците станува сè пософтицирано со усовршувањето на церебралниот кортекс, особено на префронталниот кортекс и регионите кои се инволвирани во визуелното процесуирање.
Како што еволуираме мозокот станува сè подобар во изнаѓање на модели, така што понекогаш гледа обрасци во целосно неповрзани податоци.

Влезете во теоријата на заговор.

Теориите на заговор генерално се однесуваат на објаснување на важни настани, како тајни заговори на моќни групи.
Луѓето кои веруваат во теориите на заговор имаат мозок, кој е повеќе склон на илузорни обрасци на перцепција, најдуваат конекција и таму каде што ја нема.
Во една студија, испитувачите превртувале парички и барале од испитаниците да го запишуваат резултатот. Луѓето кои мислеле дека гледаат обрасци во вообичаените парички биле посклони да веруваат барем во една поголема теорија на заговор.
Тогаш зошто теоретичарите на заговор понекогаш гледаат конекции таму каде што ги нема?
Невронауката верува дека тоа може да се должи на екстра допаминот во нивниот мозок.
Допаминот е невротрансмитер кој е вклучен во емоциите, наградувањето и спознавањето.
Тоа значи дека е многу важен при донесувањето на одлуки и му помага на луѓето да го детектираат сигналот во вревата.

Луѓето кои генетски имаат повисоко ниво на слободен допамин склони се да веруваат во една или повеќе теории на заговор. Всушност во експеримент каде се покачува дозата на лек кој го зголемува нивото на допамин , даден кај луѓе кои не веруваат во теории на заговор, тие почнуваат да се однесуваат како и оние, кои веруваат во ваквите теории. Почнуваат да гледаат невообичаени обрасци во вообичаените модели.

Но, неможат да збројат, вонземјани -Египетски богови, Земјата- рамна плоча, илуминати, лизарди…како теоретичарите на заговори да го одржат верувањето во овие неверојатни идеи без да дојдат во судир со планини на докази во спротивното?
Кога еднаш мозокот ќе види образец, информацијата ќе биде полесно поддржана и полесно ќе се асимилира во мозокот, како и актот на засилување во верувањето во тој образец.
Мозокот обраќа внимание на информацијата едноставно поради тоа што се сложува со моменталното убедување-верување, со непочитување и отфрлање на сè спротивно.
Иронично, експлозијата на информации на интернет го направи проблемот полош, а не подобар.
Теориите на заговор сега се акумулираат се’ повеќе и повеќе со мноштвото дезинформации, креирајќи комуникации на ехо-комори, чија единствена задача е да го зајакнат нивното конспиративно верување.
А, тоа го носи стравот од непознатото.

Амигдалата и Инсулата се драма -каралици во мозокот и тие го пуштаат алармот во неизвесни ситуации. Чуството на немоќ го принудува човекот да пронајди некаков ред во хаосот, и тоа најчесто се случува така да тој пронајдува објаснувања, таму каде што ги нема.

Студиите покажуваат дека луѓето склони кон теориите на заговор, всушност чуствуваат дека немаат моќ и контрола во нивните сопствени животи. Им личи забавно да мислат дека ние живееме на рамна поча контролирана од НАСА, ја отфрлаат науката и фактите , што може да е екстрмно опасно. И додека не можеш да натераш некого да престане да верува во конспирација, истражувањата сугерираат дека можеби има начин овие луѓе да се преобратат.
Треба луѓето да се охрабрат и да превземат акција во нивните лични животи, што ќе го намали нивното чувство на немоќ, ќе ги мотивира, и ќе се намали нивната склоност кон верувањето во конспирации.

превод: Љупка Јосипова

Ј. Ѓ.

Next Post

Клоп има резервна опција во случај на неуспех со Тијаго Алкантара

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk