пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Едно утро рано, станав и се опцув себе во огледало пред да излезам надвор.
Со комшијата се сретнавме пред зграда и убаво се отеравме во мајчината.
Касиерката во маркет ми опцу сестра додека ми ја подаде фискалната каса.
Беше изнервирана од двајца пред мене што се тепаа и пцуеја, оти едниот сакал само да праша нешто и да влезе преку ред.
Надвор пред маркет стрелаа двајца што не пцујат. Другите се во затвор, или во логор.
Отидов дома, уклучив телевизија. Претседателот Пичкин Диме држеше говор, во кој им редеше мајки, сестри и фамилии на сите што не пцујат и не плукаат по луѓе.
Каков прекрасен свет, у пичку матер!
#AluminiumOverMaximum
#NieSmeLudaci