СДСМ: Создаваме ново парламентарно мнозинство и нова Влада ослободени од национализам.
ВИСТИНОМЕР: ВМРО-ДПМНЕ „не гледа“ дека бројот на активни случаи е паднат за над 600 лица за нецели 3 недели.
АНАЛИЗА на ЦИВИЛ: Мрежа на Tвитер профили – извор на говор на омраза и дезинформации во предизборната кампања
ФИЛИПЧЕ: Патниците со Ковид-19 кои слетале во Финска се иселеници или транзитирале преку земјата. Според добиените податоци во посочениот лет најголем дел од патниците патувале со косовски пасош (95 лица), фински пасош (60 лица), а останатите се со македонски (2), албански, бугарски, естонски и шведски пасоши.
НА списокот на фирмите кои државната субвенција за плати не им ја дале на своите работници останаа 344 компании, а 234 веќе ги нема.
АНСА: Зголемен прилив на мигранти низ балканската мигрантска рута.
МАКЕДОНСКИ државјанин тешко е повреден во сообраќајна несреќа, што се случила во близина на албанскиот приморски град Саранда, јави телевизија Ора њуз.
ДЕНЕСКА во општина Прилеп има еден нов случај на коронавирус, а од заразната болест оздравеле 4 лица.
ОПОЗИЦИСКАТА кандидатка на претседателските избори во Белорусија, Светлана Тихановскаја, која го оспорува реизборот на претседателот Александар Лукашенко, побегна во Литванија, изјави денеска литванскиот министер за надворешни работи
БОРИС Џонсон не сака шкотската Премиерка да присуствува на седница на британската Влада.
ЗДРАВСТВЕНАТА агенција на Европската унија ги повика земјите-членки кои забележуваат зголемување на случаите на коронавирус повторно да воспостават контролни мерки, предупредувајќи за „вистинско враќање на вирусот“ во некои земји.
НАЈМАЛКУ 32.000 луѓе во Босна и Херцеговина се отпуштени од работа од почетокот на епидемијата на коронавирус, а работодавците најавуваат дека слична судбина ги чека уште десетици илјади.
АМЕРИКАНСКИОТ претседател Доналд Трамп ги негираше наводите на „Њујорк Тајмс“ и Си-Ен-Ен дека е заинтересиран за можноста да го додаде својот лик во познатиот споменик на Маунт Рашмор во Јужна Дакота, но рече дека „звучи како добра идеја“.