Државниот инспекторат за животна средина -Скопје (ДИЖС) на 15.07.2020 година, по добиена дојава за загадување на река Вардар со црвена боја во близина на Бетонската база -Бетон, излезе на увид на посочената локација, земени се мостри кои се однесени во акредитирана лабараторија и во тек е нивно испитување.
– Отпадната вода од колекторот која се влива во река Вардар беше со видлива црвена боја.Поради овој факт веднаш се земени мостри од отпадната вода што излегува од колекторот за хемиска анализа. Земените мостри се однесени во акредитирана лабараторија и е во тек нивно испитување, соопштија денеска од ДИЖС.
Извршен е и вонреден инспекциски надзор кај правниот субјект Либерти АД-Скопје,ул.16 Македонска бригада б.б.и е утврдено дека во момент на надзорот погонот Лужилница не бил во работен режим,односно производниот процес бил целосно сопрен.