ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Големите градови во Турција бележат најголем пораст на заразени со Ковид-19

August 12, 2020 09:13
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

 Истанбул, Анкара, Дијарбакир, Шанлиурфа и Конја се петте најголеми градови во Турција со најголема стапка на раст на инфекции со коронавирус во изминатите три дена, посочи турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.

Нови 1183 позитивни случаи на коронавирус се регистрирани во текот на изминатите 24 часа со извршени 61.716 тестови. Бројот на заразени достигна 243.180.

Според министерот, има 15 смрни случаи, со што вкупниот број во Турција достигна 5.873.

Здравствените власти тврдат за пад од 32 проценти во вкупниот број пациенти третирани во болниците. Сепак, расте трендот на сериозно заболени .

Најсериозно болни пациенти има во Истанбул, Анкара, Дијарбакир, Шанлиурфа и Конја.

Вкупно 617 сериозно болни пациенти што е зголемен број од 8,2 проценти на пневмонија, рече турскиот министер за здравство.

Здравствените експерти предвидуваат дека во наредните денови може да има пик на инфекции како резултат на осленети мерки за време на празникот  кога граѓаните буквално ги преплавија одморалиштата, игнорирајќи ги најосновните мерки против ширењето на коронавирусот.

Се уште не е јасно кога ќе започне новата учебна година 2020-2021 година. Станува збор за 18 милиони ученици и над три милиони студенти, бројки кои покажуваат колку е сериозен проблемот.

Планирано е да започне 10-дневна прелиминарна подготовка на ученици во основните и средните училишта на 17 август, со цел да се започне редовната настава на 31 август.

Сепак, со оглед на зголемувањето на позитивните случаи во последните денови, постои неизвесност за овие датуми. Турскиот министер за образование, Зиа Селчук, рече дека тие достигнале во последната фаза на разговори околу ова прашање. Конкретната одлука ќе биде објавена по состанокот на специјализираниот научен совет за борба против коронавирусот, на кој ќе се разговара за неколку модели, рече министерот за образование. /МИА/

Next Post

Бајден ја одбра за свој кандидат за потпретседател сенаторката Камала Харис

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk