ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Што може пратениците во Собранието веднаш да направат?

August 12, 2020 15:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА / ЦИВИЛ МЕДИА

Доколку во Собранието на Македонија имаме пратеници, а не партиски марионети и случајно залутани ликови, тие можат да направат многу работи без да ги менуваат законите, Деловникот или било кој пропис со кој се регулира нивната работа.

Да ја спроведат во пракса одредбата дека Собранието е во постојано заседание и да почнат да одат на работа (наместо да си бркаат партиски, министерски и други работи).

Да побараат изработка на план за постојано заседание на Собранието во услови на пандемија.

Да го искористат периодот на намалена активност на Собранието за завршување на сите административни работи поврзани со вршење на функцијата.

Да се запознаат со Собранието, неговата структура, сите служби и посебно со библиотеката на Собранието наместо да импровизираат и да се чудат што да прават со себе и со функцијата која ја имаат.

Да иницираат вработување на преведувачи кои го знаат македонскиот јазик (наместо неписмените преведувачи кои го унакарадуваат јазикот).

Веднаш да изберат претседател на Собранието (наместо да чекаат како ќе завршат партиските поделби на колачот, односно местото претседател на Собранието да е составен дел од поделбата на колачот). Според член 22 од Деловникот на Собранието, кандидат за претседател може да предложат 20 пратеници.

На собраниската зграда да постават електронска табла на која ќе се гледа присуството на пратениците и нивната активност на собраниските седници и во комисиите во кои членуваат.

Да побараат сите информации и материјали да ги добиваат во електронска форма со цел заштеда на хартија.

Писмено да се откажат од имунитетот освен за кажаното во Собранието и во врска со работата на Собранието (со што ќе можат да бидат спроведени судски постапки во случај на ширење говор на омраза, дискриминација и штетен говор).

Да ги стават на дневен ред за разгледување сите уредби со законска сила кои се донесени во изминатиот период од страна на Владата.

Да започнат средби со цел избор на работните тела.

Да воспостават канали на електронска комуникација со граѓаните (е-мејли отворени за секој граѓанин и посебно за избирачите од конкретната изборна единица, ФБ и твитер профили на кои ќе може да се коментира, … јавно објавени и достапни за сите).

Така прават сериозните пратеници, а не партиските марионети и претставниците на шоу-бизнисот.

 


Сите права се задржани. Тесктот е личен став на Авторката.

 

 . 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Макрон, Мерц, Стармер и Туск во Кијив: Поддршка за Украина и повик за прекин на огнот

May 10, 2025

Петиција во ЕП: Кошта да ја откаже посетата на Белград поради присуството на Вучиќ во Москва

May 10, 2025

Во Швајцарија денеска САД и Кина почнуваат трговски преговори

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk