Под слоганот #ЗеленаРеволиција, домашната иницијатива Fridays for future за 29 ноември (петок) најави нов марш за чист воздух, кој треба да започне од 17 часот од Министерството за животна средина, а да заврши пред Влада, пренесе Радио МОФ.
„Дојди заедно да кажеме НЕ на загадувањето на воздухот и негрижата на институциите за животната средина! Да кажеме НЕ на 3.500 смртни случаи годишно директно поврзани со аерозагадувањето!“, повикуваат активистите.
Во објаснувањето зошто протестираат, Fridays for future потенцира дека на 29-ти ноември, движењето за климатска правда повторно ќе ги заземе улиците на сите светски градови.
Целиот повик можете да го прочитате тука.