ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Независен.мк: Битолчани заразени со Ковид-19 ги кријат контактите, младите ги исмеваат врсниците кои носат маски

August 14, 2020 14:39
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Криењето на контактите на заразените лица е голема мака со која Битола се соочува во справувањето со корона вирусот во последниот период. Ова како сериозен проблем за ширењето на корона вирусот во Битола го предочува и градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, која е и координатор на Кризниот штаб, обајави Независен.мк.

Во градот од почетокот на корона кризата потврдени се 178 позитивни случаи, од кои активни се дури 77 случаи или 43 отсто од вкупниот број на заразени. Досега оздравеле 95 битолчани, а починале шестмина, од кои најмладиот 27-годишно момче. Она со што во последниот период се соочуваат битолските епидемиолози е криење на контактите, пишува Независен.

Анализирајќи ги податоците од 1 до 13 август, над десет ковид позитивни лица не даваат податок за контактите.

„Според констатациите од здравствените работници криењето на контактите на заразените лица е навистина сериозен проблем. Лицата кои веќе се заразиле со Ковид-19 мора да мислат на здравјето на другите, при што нема да ги кријат контактите кои ги оствариле во изминатиот период, а со тоа ќе придонесат за спречување на ширење на вирусот. Во случаите во кои се доставуваат доволно податоци за контактите, се создава можност за заштита на сите потенцијално ризични групи, но онаму каде што податоците се скриени, се создаваат можности за појава на нови кластери“, вели градоначалничката Петровска за „Независен“.

Бројот на заболени во Битола постојано расте. Според анализите направени од почетокот на август до денес потврдени се 41 позитивен случај во градот и еден починат, а во исто време оздравеле 34 битолчани. .

Расте бројот на непослушни битолчани кои наместо во изолација шетаат низ градот. Дури и младите кои носат маски се жалат дека се исмејувани од нивни врсници.

„Од дома излегуваме со маски за да ги имаме како доказ доколку не запре полиција и за да ги исполниме барањата на родителите за заштита. Потоа, кога ќе се сретнеме со пријателите ги повлекуваме зашто сме исмевани доколку ги носиме. Нашите врсници велат дека корона не постои и дека маските нема да нѐ заштитат“, пишува група млади битолчани во реакција до локалните медиуми.

Тие велат дека се изморени да се објаснуваат со врсниците за постоењето на вирусот.

Извор: Независен.мк

Next Post

Преглед на вести во 15 часот: Алијанса и Алтернатива не преговараат за влада, после освојувањето на Водно, Мицкоски во поход на Калето...

Shortcut

Најново

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk