ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Палмер: САД ќе направат се што можат ЕУ да ја промени „историската грешка“ пред Самитот во Загреб

САД сакаат Западен Балкан да има европска перспектива и ние ќе направиме се што можеме да ја убедиме ЕУ да го промени ставот пред состанокот на европските лидери во Загреб во мај, изјави Палмер на денешната заедничка прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград

November 4, 2019 20:51
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

ЕУ направи историска грешка и испрати лоша порака за целиот регион со неотворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, порача денеска од Белград заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан, Метју Палмер, пренесе МИА.

– САД сакаат Западен Балкан да има европска перспектива и ние ќе направиме се што можеме да ја убедиме ЕУ да го промени ставот пред состанокот на европските лидери во Загреб во мај, изјави Палмер на денешната заедничка прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Палмер со оваа изјава ја започна прес-конференцијата, најавувајќи дека главна тема на состанокот со српскиот претседател била политичката ситуација во регионот и косовското прашање, поврзувајќи го ова со како што рече, „ставот на САД дека сакаат Западен Балкан да има европска перспектива“.

На ова изјава на Палмер, се надоврза и Вучиќ, кој изјави дека Србија се залага за соработка со земјите од Западен Балкан, што се гледа и преку продолжување на состаноците со Северна Македонија и Албанија, а потоа и со сите останати неделава во Охрид. Вучиќ денеска најави разговори со македонскиот и албанскиот премиер, Зоран Заев и Еди Рама, да се договорат за деталите, заблагодарувајќи се на поддршката од САД за идејата за т.н. мал Шенген.

– Отворено можам да кажам, дека САД ја поддржаа оваа идеја, која се заснова на четирите слободи на движење на стоки, луѓе, услуги и капитал и ние тука очекуваме и дополнителна поддршка и од Палмер и од САД воопшто, изјави Вучиќ.

Говорејќи за прашањето околу Косово, Вучиќ изјави дека разговорите со Палмер биле „отворени и искрени“ и додаде дека е задоволен од нивната содржина.

– Задоволен сум што ги разгледавме сите спорни прашања, сите разлики што постојат меѓу нас, решени да изнајдеме решенија за во иднина што ќе значат подобри билатерални односи меѓу САД и Србија, но и конструктивен пристап и обид да се вратиме на дијалогот со Приштина, што е можно поскоро дијалог, рече Вучиќ, додавајќи дека не сака за ова јавно да говори и дека се познати различните ставови на САД и на Србија за Косово.

Одговарајќи на новинарско прашање околу идната косовска Влада и правото на вклучување во неа на претставници на Српската листа, Палмер рече дека е јасно оти „Српската листа доби поддршка од мнозинството Срби во Косово и со тоа има право да биде преставена во косовската Влада“.

– За ова разговарав нашироко со лидерите во Косово и мислам дека е важно Србите да имаат можност да се изразат преку политичкиот процес, порача Палмер.

За оваа прашање свој став изнесе и Вучиќ, кој рече дека Српската листа учествувала на изборите во Косово според Бриселскиот договор и добила повеќе од 95 проценти од гласовите на Србите, додавајќи дека „претставниците на Српската листа мора да бидат во Владата доколку тоа го сакаат“.

– Според косовскиот Устав, во Владата може да има и некои други Срби, но само ако ги добијат гласовите на Српската листа, оцени српскиот претседател кој на прес-конференцијата упати покана до претседателот на САД, Доналд Трамп, да ја посети Србија.

Next Post

Вучиќ разговорал со Заев и Рама за самитот во Охрид за „мал Шенген“

Shortcut

Најново

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026

Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

September 22, 2026

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk