ХАЏИЕВ за МИА: Ќе бидат обесштетени депозитите на 99,4 проценти од физичките лица – депоненти во „Еуростандард банка“.
КОМЕРЦИЈАЛНА банка АД Скопје нема побарувања од Еуростандард банка и нема хипотека на зградата на Еуростандард банка, соопштија денеска од Комерцијална банка.
КОНСУЛТАЦИИТЕ за коалициски договор меѓу СДСМ и ДУИ, продолжуваат.
ДАЧИЌ: Србија со PCR тестот за соседите „дефинира некои односи во регионот“.
АМЕРИКАНСКИОТ центар за контрола и превенција на болести неодамна ги ажурираше своите упатства и објавија дека оние кои преживеале Ковид-19 можат со сигурност да се движат и да се дружат со други луѓе три месеци, пишува Њујорк Тајмс.
СЕ зголемува бројот на новозаразени во Европа, воведени дополнителни ограничувања.
ШОКУ Павле – пишува Дијана Тахири за Цивил Медиа.
КОМПАНИЈА од Турција е заинтересирана да ја купи згурата од Топилница, а суровините кои можат да се искористат би се преработувале во Казахстан.
КОРОНАВИРУСОТ го преполови профитот на банките.
РУСИЈА почна со производство на вакцина против „Kовид-19“, јавиja денеска руските медиуми, повикувајќи се на Министерството за здравство.
ЛОКАЛНИ поројни врнежи од дожд, на места доста интензивни, во вид на невреме и проследени со ветер, грмежи и град се очекуваат викендов, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
АТЛЕТИКАТА синоќа оствари триумфално враќање за време на „Дијамантската лига“ во Монако. Атлетичарот од Уганда Џошуа Чептегеи, светски шампион на 10.000 метри го собори светскиот рекорд на 5.000 метри со време од 12 минути, 35,36 секунди.
Ј. Ѓ.