АНГЕЛОВСКА со демант за повлекувањето средства од „Еуростандард“: Уште од минатата година преку половина од тие депозити се инвестирани во инвестициски фонд. Единствено што е точно во досега пласираните информации е дека сум имала депозит во „Евростандард банка“.
БОГОВ: Со одземањето на дозволата за работење на „Еуростандард банка“ се отстрани единствената слаба алка во системот.
ПРОДОЛЖУВААТ разговорите меѓу СДСМ и ДУИ за хармонизација на изборните програми.
КОИ маски најмногу штитат, а кои не помагаат против коронавирусот?
ФИЛИПЧЕ: Наскоро ќе промовираме план за рестрикции во покритичните региони.
СТАРИОТ пат Охрид – Струга утре затворен за сообраќај, ќе се снима филм.
ТУРСКИОТ претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди дека „санкциите и заканите“ нема да ја одвратат Турција од потрагата по енергенси во источниот Медитеран.
Во ФРАНЦИЈА започнува учебната година со строги протоколи, предвидени над 10.000 нови работни места и повеќе дополнителна настава.
БРОЈОТ на нови случаи на коронавирус во Италија вчера изнесуваше над 600, што најголем дневен пораст во последните три месеци.
БРИТАНСКАТА полиција ја предупреди јавноста да ги избегнува таблетите екстази со ликот на американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи се многу опасни.
САД подготвени за билатерален договор за нуклеарно разоружување со Русија.
ПОМЛАДИОТ брат на американскиот претседател Доналд Трамп и негов близок соработник Роберт (71) почина синоќа во болница во Њујорк, објави денеска претседателот Трамп.
А. Н. С.