ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почна 11-тото издание на фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“

Коорганизатори на 11. Македокс се МКЦ и Кинотека на РСМ. Партнери на „Македокс“ се „Петра Пан филм продукција“ и „Кино Култура“.

August 20, 2020 12:57
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Под мотото „Слеј се со тишината“ синоќа почна единаесеттото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“. Оваа година фестивалот има хибридно издание, односно има фестивал во живо, но и онлајн, кој ќе може да го проследи публиката од цела држава.

Во летното кино на Кинотеката се одржаа проекцијата на краткиот документарен филм „Бинокл“ на Мила Жлутенко и долгометражниот документарец „Зборувај за да те видам“ на Маја Стојниќ. Во Парк МКЦ беше прикажан краткиот документарец „Премин“ на Отавио Алмеида, додека проекцијата на „Спиењето на Макс Рихтер“ на Натали Џонс беше прекината поради временските услови.

Публиката беше подготвена да гледа филм и на дожд, но техниката едноставно не може да функционира во такви услови. Фестивалот нема можности за реприза на филмовите, бидејќи годинава функционира без објектот Куршумли ан, и затоа филмот ќе може да се гледа онлајн на платформата „Синесквер“, на која посетителите треба да се регистрираат и да креираат свој профил преку сајтот на „Македокс“, соопштија организаторите.

Вториот фестивалски ден, како што посочуваат, носи двојна програма, а ќе бидат прикажани вкупно осум, четири кратки и четири долгометражни филмови на двете локации. Со филмот „Кога прашината ќе слегне“ на Џон Апел почнува програмата Земја во фокус – Холандија, во чии рамки ќе бидат прикажани уште шест филмови.

– Моите филмови ги градам врз основа на темелно истражување и интуиција. Дури истражувам, не барам само факти, туку ја барам и ранливоста на луѓето, тоа е таканареченото емотивно истражување, вели режисерот и снимател Џон Апел, кој зад себе има повеќе од 40 документарни остварувања за кино и телевизија. Во 1999 година неговиот „Андре Хазес – таа верува во мене“ не само што го отвори Меѓународниот фестивал на документарни филмови во Амстердам (ИДФА), туку и се закити со наградата за најдобар долгометражен документарец, по што станува најгледаниот документарен филм во Холандија во последните шеесетина години.

Филмографијата на Апел брои низа наградувани филмови: „Последната победа“ (2003), „Коцкар“ (2009), „Погрешно време, погрешно место“ (2012), „Гласот на Холанд“ (2018) и „Кога прашината ќе слегне“ (2019). Сите носат приказни за обични луѓе и осамени херои, за меланхолијата, спомените, смртта и утехата што го бојат секојдневниот живот.

На годинашниот „Македокс“ Џон Апел ќе одржи мастерклас на 22 август, од 11 до 13 часот, кој ќе се одвива онлајн и ќе може да се проследи преку платформата „Зум“.

Фестивалот „Македокс“ е поддржан од програмата МЕДИА на Креативна Европа, Институт „Јунус Емре“, Амбасада на Кралството Холандија, Град Скопје, Амбасадата на Република Чешка во Софија. Пријатели фестивалот се Музеј на РСМ и Археолошкиот музеј.

Коорганизатори на 11. Македокс се МКЦ и Кинотека на РСМ. Партнери на „Македокс“ се „Петра Пан филм продукција“ и „Кино Култура“.

Медиумски покровители на Македокс 2020 се: МТВ – Прв програмски сервис, Слободен печат, Нова Македонија, Плус Инфо, СДК.мк, МКД.мк, Офф.нет, Окно, Е-магазин, Плагиј.ат, Его, Радио МОФ, Радио Џез ФМ, Музичко радио Канал 103, Радио Антена5, Радио Бубамара, Лајф Радио, Гледај.мк, Лице в лице, Види Вака и ПопАп.

Билети за проекциите во он-лајн продажба може да се набават преку мрежата mktickets.mk.

Проекциите и настаните на отворен простор се организираат согласно протоколите за заштита од коронавирусот ковид-19: задолжително носење заштитна маска за време на целиот настан, мерење температура при влезот во фестивалските простори, одржување на растојание од еден ипол до два метра и дезинфекција на рацете пред и по одржувањето на проекциите./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Албанија на 15 септември ги отвора училиштата

НАЈНОВО

Кочани, Марш за ангелите. Фото: МИА

Родителите на жртвите од „Пулс“ најавија секојдневни блокади: Правдата не смее да се влече

October 11, 2025

Нобеловиот институт проверува дали некој ја открил добитничката на наградата за мир пред време

October 11, 2025
Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Прилеп: Политиките на СДСМ во однос на прашањата со соседите се чиста капитулација

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сме спремни за „slop“ видеата создадени со вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk