ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Излезе од печат книгата „Крсте Петков Мисирков – македонскиот меѓник“ на новинарот Свето Стаменов

August 21, 2020 10:03
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Излезе од печат книгата „Крсте Петков Мисирков – македонскиот меѓник“ на новинарот на Македонското радио – Радио Скопје и публицист Свето Стаменов.

– Книгата е своевидна збирка на радио – интервјуа реализирани на брановите на Македонското радио – Радио Скопје по повод 90-годишнината од смртта на, според многумина, најзнаменитиот Македонец на дваесеттиот век Крсте Петков Мисирков, основоположник и кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис и на автохтоноста на македонската национална свест, револуционер и бескомпромисен борец против туѓите пропаганди и за македонска национална афирмација, објаснува авторот на книгата Стаменов.

Тој, како што вели, „За македонцките работи“, пред сè, е одраз на бескомпромисна борба за самостојноста на македонскиот народ токму во времето на најжестоките пропаганди на соседните држави, но уште повеќе, дело од непроценлива вредност за македонскиот народ во неговата вековна борба за слобода и за создавање сопствена македонска држава и сопствен македонски литературен јазик.

– Едноставно, како што вели во своето интервју неодамна починатиот академик Блаже Ристовски, кој целиот свој работен век го посвети на животот и делото на Крсте Петков Мисирков, „да се зборува за Крсте Петков Мисирков денес значи да се зборува за најзначајната личност во новата национална и културна историја на Македонија. Тој е претставник на македонската интелигенција од крајот на XIX и почетокот на XX век и на Движењето, новото движење, како што го именува самиот тој, што претпоставуваше македонска нација, македонски јазик, македонска црква и македонска национална држава“, вели Стаменов.

Книгата содржи 13 интервјуа – разговори со еминентни универзитетски професори, македонисти, извонредни познавачи и почитувачи на грандиозното дело на Крсте Петков Мисирков, меѓу кои проф. д-р Васил Тоциновски, проф. д-р Људмил Спасов, проф. д-р Снежана Веновска – Антевска, проф. д-р Димитар Пандев, проф. д-р Васил Дрвошанов, проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ, академик Блаже Ристовски, д-р Славчо Ковилоски и проф. д-р Марија Коробар – Белчева.

Next Post

Од Грција за Франција заминаа 16 деца бегалци без придружба

Shortcut

Најново

СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

August 19, 2026
Фото извор: UNHCR

ЦИВИЛ: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026

Кои се придобивките од работата од дома?

August 18, 2026

34 Години Армија на Република Северна Македонија: Традиција, чест и колективна безбедност

August 18, 2026
Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk