ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нови вработувања во затворите и обезбедување 24 часа здравствена заштита за затворениците

Преместување во најбрз временски период на малолетните осудени лица од затворот во Охрид во Воспитно – поправниот дом Тетово, забрзување на изградбата на притворското одделение во рамките на КПУ Идризово, подобрување на третманот за ресоцијализација, обезбедување на 24 часовна здравствена услуга за осудените и притворените лиц

November 5, 2019 14:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА

Преместување во најбрз временски период на малолетните осудени лица од затворот во Охрид во Воспитно – поправниот дом Тетово, забрзување на изградбата на притворското одделение во рамките на КПУ Идризово, подобрување на третманот за ресоцијализација, обезбедување на 24 часовна здравствена услуга за осудените и притворените лица, се дел од предлог-заклучоците од јавната расправа на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граќанинот во врска со состојбата во казнено поправните установи во државава, пренесува МИА.

Претседателот на собраниската комисијата, Фадил Зендели рече дека во заклучоците е истакната потребата за зголемување на финансиите на казнено – поправните установи за да се овозможи соодветно управување и подобрување на условите во затворите за осудените лица, како и да се зголеми можноста на осудените лица за контакт и комуникација со семејството.

– Потребно е да им се овозможи на осудените лица работен ангажман и други активности преку општествено корисна работа во соработка со Министерството за труд и социјална политика. Да се испитаат и санкционираат наодите за присутна корупција во затворите, како и испитување на понижувачко постапување кон затворениците, истакна Зендели.

Во заклучокот е наведено дека Комисијата и понатаму ќе ја следи состојбата на затворите и дека преку редовни контакти и состаноци  ќе се информира за преземеното и спроведеното од предложените заклучоци.

Членовите на Комисијата немаа забелешки на заклучоците, освен неколку дополнување.

Пратеникот од  ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојловски рече дека во заклучокот за преместување на малолетните осудени лица во Воспитно – поправниот дом Тетово да се додаде дека е потребно тоа да се направи во најбрз можен временски период бидејќи, како што рече, објектот веќе неколку години е подготвен за да ги прими осудениците. Тој побара во секоја казнено – поправна установа да има директна здравствена заштита, а не преку здравствените домови.

Неговата сопартијка Слаѓана Митовска предложи дополнување на заклучокот во однос на вработувањето на педагози и психолози каде, според неа, треба да се дополни со вработување на дипломиран социјален работник. Таа побара и дополнување на една од точките за изготвување на програмите за отпус и реинтеграција со додавање на создавање на услови за ресоцијализација.

Next Post

Нов случај на мали сипаници во Скопје, детето не било вакцинирано

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Ливерпул со спектакуларна победа го отвори првото коло во Премиерлигата

August 15, 2025

Почнаа разговорите меѓу Трамп и Путин

August 15, 2025
Фото: Профил на Х, Карл Билд

Карл Билд: Каква порака сака да испрати Лавров  кога се појави во Алјаска со маица на СССР?

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: 11 часа по објавата на кандидатурата за градоначалничка, полицијата ми врачи кривична пријава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk