Иницијативата за промени во ВМРО-ДПМНЕ, денеска одржа прес-конференција пред седиштето на партијата, од која бараат оставка од Христијан Мицкоски, и свикување на вонреден конгрес за избор на нов претседател, пренeсува Тв21.
„За формирање на оваа власт сега, виновен е оној што можеше, требаше да понуди сериозни препознатливи политики кои ќе ги сплотат и привлечат сите граѓани. Виновен е тој што не ги искористи капацитетите на партијата и форсираше поделби. Виновен е тој што не успеа да изград и да завеземе став за сите. Кога еден тим губи, не може да биде виновна публиката или играчите, или домарот. Виновен е нивниот водач. Во овој случај за поразот на ВМРО-ДПМНЕ виновен е Мицкоски“, изјавиле од Иницијативата.