ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

АКТО: Mурал на фасадата на хотелот „Скопје” во Прилеп

August 21, 2020 14:47
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со изработка на мурал на фасадата на хотелот „Скопје” спроти Меморијален музеј „11 Октомври 1941“  во центарот на Прилеп, на улица „Илинденска“ б.б, продолжува програмата на јубилејното, 15-то издание на АКТО фестивалот за современи уметности, во продукција на организацијата Факултет за работи што не се учат(ФР~У).

Автор на муралот е Ристо Аврамовски во соработка со  Владимир Милиќ, Филип Јовановски и Ненад Тонкин и е во продукција на ФР~У во соработка со ЦСЛУ(Центар за современи ликовни уметности) и Јавен Простор – Прилеп

Овој мурал е дел од серијата на мурали кои досега се изработија во уште 5 други градови во земјава и тоа во Велес, Кочани, Битола, Скопје-Ченто, Гевгелија. Автори на муралите се: Јана Јакимовска, Миле Ничевски, Ненад Тонкин, Ристо Аврамовски, Филип Јовановски, Владимир Милиќ и Давор Кешкец и се реализираат во соработка со БОШ Фестивал, Гевгелија; Културно ехо, Скопје; Центар за современи ликовни уметности ЦСЛУ-Прилеп и Јавен Простор – Прилеп; Народен Театар Битола; Дом на Култура Ченто;  Општина Гази баба; Општина Велес, Општина  Кавадарци, Општина Кочани и Дом на Култура Бели Мугри – Кочани.

Овој зафат, кој се протега на површина од околу 700 метри квадратни и тоа паралелно во седум градови е концепт, кураторство и организација на Филип Јовановски, извршен продуцент е Ненад Тонкин, а во продукцијата се вклучени и Марија Стојанова, Кристијан Караџовски, Александар Јовановски и Ивана Васева.

Претходните пет мурали беа изведени на јавни институции, јавни простори, центри за култура со цел да се истакне солидарноста и соработката со јавните институции од културата и да се прати порака за заедништво во секоја локална средина поединечно. Муралот во Прилеп  насловен „Напред, без да се заборави”  кој повторно реферира на „Песна за солидарноста” од Бертолт Брехт, симболично е поставен во близина на локација која е важна за антифашистичката борба, а тоа е објектот на Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941“ .

Зградата во која е сместен музејот е изградена на почетокот на XX век. За време на фашистичката окупација (1941-1944 година) овој објект бил претворен во бугарски полициски Участок во кој била сместена окупаторската полиција. На 11 октомври 1941 година борците од Прилепскиот партизански одред извршиле вооружен напад врз Участокот и врз други објекти во градот, со што започнало вооруженото востание на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор.

Овој мурал во една комплексна визуелна композиција, користејќи различни симболи важни за градот,  зборува за историјата на градот Прилеп од почетокот на револуцијата на 11-ти октомври 1941 година па се до денес. Муралот има за цел одново да повика на вредностите на солидарноста и антифашизмот, да го нагласи значењето на Прилеп како град херој, град од каде почнала антифашистичката борба, вредност која треба да не води напред во иднината, но исто така вредност која не треба да се заборави или избрише од нашата општествена меморија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Преглед на вести во 15 часот: Оставка од Мицкоски бара и Иницијативата за промени во ВМРО-ДПМНЕ, се смирија страстите во ДУИ, Меџити и Зибери дојдоа да гласaат за Џафери...

НАЈНОВО

Експлозијата во Тенеси однесе најмалку 16 животи – истрагата сè уште трае

October 12, 2025
Кочани, Марш за ангелите. Фото: МИА

Родителите на жртвите од „Пулс“ најавија секојдневни блокади: Правдата не смее да се влече

October 11, 2025

Нобеловиот институт проверува дали некој ја открил добитничката на наградата за мир пред време

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk