ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Филипче: Регистрирани 159 нови случаи од Ковид-19

August 22, 2020 16:11
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Нови 159 случаи на заболени од КОВИД 19 регистрира Министерството за здравство во изминатите 24 часа. Оздравени се 75 пациенти, а починати шест.

Направени се 1.733 тестирања, а бројот на новозаболени повторно е најголем во Скопје – 32, по што следуваат Куманово – 25, Гостивар – 22 и Струга 15. Во останатите градови бројката на новозаболени е едноцифрена.

Од починатите пациенти сите се на возраст над 60 години. Најстариот има 85 години, а најмладиот 61 година. Четворица од починатите се од Скопје на возраст од 77, 80, 85 и 86 години, еден пациент е од Гостивар на 61 година и еден од Штип на 76 години. Петмина се починати во болнички, а еден вон болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 13458,  бројката на оздравени пациенти е 10052, а на починати 563. Активни се 2843 случаи.

Од скопските општини и понатаму општина со најголем број активни случаи е Чаир со 114 случаи, по што следува Гази Баба со 100 и Аеродром со 99 случаи.

Досега во земјата се направени вкупно 136.051 тестирања, а денеска нема тестирања во рамки на скринингот.

Според информациите на Министерството за здравство, на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 67 пациенти од кои на кислородна поддршка се 31 пациент, а нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 13 возрасни пациенти, пет деца, две мајки и две деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, а вкупно хоспитализирани се 65 пациенти. На респираторна машина се пет пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип 33 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 93 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

 

Next Post

Градежна офанзива на градските сообраќајници во Скопје вредна 760 милони денари

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk