ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Јавна трибина – Потребна е нова Универзална сала

August 25, 2020 17:09
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Град Скопје денеска во МКЦ организираше трибина за идните планови за Универзалната сала. Своите ставови ги изнесоа претставници на државни и културни институции, здруженија на граѓани од областа на културата, спортот, архитектурата, организатори на фестивали и културни манифестации што се организирале во Универзалната сала.


Учесниците главно дебатираа за тоа што му треба на Град Скопје како објект, како Универзална сала во следните 20 години. Модераторот на трибината, советникот во Град Скопје Васко Лазаревски информира дека во овој момент од Град Скопје се разгледуваат три опции за иднината на Универзала сала. Првата опција е реизградба на истата сала на исто место. Втората е изградба на нова локација со предложено парковско решение на сегашниот простор и трето е реизградба на старата Универзална и изградба на нова сала.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов потенцира дека сето ова почна од конкурс за Универзална сала кој, како што рече, мене можеби ме чини политички поени. Смета дека тој нема право како Петре Шилегив и како градоначалник да носи автономни одлуки без да се исцрпат сите аргументи за културниот живот во градот, не само за Универзална сала. Според него, носењето одлука за културната инфраструктура во градот, особено по немање фундаментален објект како што е Универзална сала ќе биде судбина на овој град во наредните од 30 до 50 години.

Тој потенцира дека Универзална сала како објект е сериозно емотивна работа за сите нас, за македонската култура, особено за македонската поп култура во последните 50 години. Меѓу мааните на Универзална сала, како што наведе, е тоа што не може да се прошири на постојната локација зошто во близина има хотели, катна гаража… Информира дека на 28-ми овој месец завршува конкурсот за идејно решение за уредување на евентуалниот простор ако дојде до уривање на постојната локација и ќе биде отворен конкурс за реставрација на Универзална сала.

-Имам донесено одлука локациска. Сум го земал правото на градоначалник и сакам новата концертна сала да биде кај сегашните оранжерии на ЈП „Паркови и зеленило“. Тоа е моја одлука како дефинитивна локација. Ако се влезе во изградба на нов мултимедијален објект, кој ќе има мала сцена, голема сцена, конгресен центар и кога ќе се соединат сите ќе мора да го викате Универзална сала зашто ќе има внатре универзални дејности. По мое убедување треба да биде триумф на македонската архитектура. Просторот дозволува да изградите симбол на градот, објасни Шилегов.
Додаде дека тука може да се реши проблемот со летна сцена, со влез во Градски парк, кој сега го нема. Шилегов рече дека сака до доцна есен годинава да има слика за сите аспекти, да се донесе одлука за да се влезе во државното буџетирање за 2021 година. Општините не градат, туку управуваат со сала.

Директорот на Младинскиот културен центар (МКЦ) Русе Арсов рече дека нема изградено цврст став за овие три понудени решенија. Смета дека треба да се најде компромис и добро е да се слушне ставот и мислењето на сите останати стручни лица. Потсети дека Универзална сала веќе пет години е вон функција, а повеќе од десетина година не е учесник во културната меморија. Смета дека итно ни е потребен нов културен простор, нова сала за гостите да се примат онака како што треба.

Роберт Алаѓозовски, поранешен министер за култура, долгогодишен културен работник и национален ккординатор за развој на културата и меѓуресорска соработка, нагласи дека понудената визија на градоначалникот за нова локација и нов простор е смела и визионерска и треба да се поддржи.

Мартин Пановски од Асоцијацијата на архитекти на Македонија го повтори нивниот став дека Универзална сала е симбол на солидарноста од земјотресот, објектот без никакви преправки, доградби, надградби.

– Универзалната сала е симбол на солидарноста каква што е сега, но дали на културната јавност и е потребен таков објект – сигурно не. Во градот и во државата итно треба да се смени мислењето за просторот.  Ние со оваа Универзална сала, која е руинирана, ги едуцираме нашите деца на лоша урбана култура. Овој објект не смее да остане долго ваков, зашто Универзалната сала за нас архитектите и за македонската архитектура значење нема, посочи Пановски.

На трибината се обратија Мирко Попов од МПГ Колектив, Филип Аврамчев, директор на Универзала сала, Оливер Белопета од Скопскиот џез фестивал, архитектот Ангел Ситновски./ МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Во Кичево денеска нема новозаразени, но има 98 активни случаи со Ковид-19

НАЈНОВО

Војаџер 1 и 2, Фото: Генерирано со ВИ

ФронтКосмос VI: Патот и мистериите на Војаџер 1 и 2 – гласот на човештвото

October 12, 2025

Кац нареди ИДФ да се подготви за уништување на сите тунели на Хамас

October 12, 2025

Локални избори во Косово – на гласачкото ливче има 93 политички субјекти – 32 партии

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид ја проценува можноста за трансфер на Ерлинг Халанд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk