Ангела Ѓорѓиевска, обвинетата девојка на убиениот Пино Секондо, на 15 ноември како соучесничка во неговото убиство ќе седне на обвинителна клупа, потврдија од кривичниот суд за „Макфакс“. Осомничениот за убиството, Али Фуркан, сè уште е во бегство и е недостапен за органите на прогонот. Обвинител во предметот е Лидија Раичевиќ, објави Mакфакс.
Според обвинението, кобната вечер Ангела го намамила Пино да дојде во населбата Ѓорче Петров. Кога Пино пристигнал, таму бил осомничениот за убиството, Али Фуркан, кој носел пушка. Фуркан го оставил возилото „oпел” и со „шкодата” на Пино се упатиле преку обиколницата до Арачиново.
Мајката на Пино која живее во Италија, со месеци го бараше својот син преку социјалните мрежи.
Целата вест можете да ја прочитате тука.