ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

ЈОРСМ: Иднината на истражниот центар на СЈО треба да се реши со нови одредби

Министерката за правда Рената Дескоска во обраќањето на стартот на проектот истакна дека истражните центри претставуваат најзначајната алатка во рацете на обвинителите и оти крајната цел на овој проект е да се постигнат ефикасни и мултидисциплинарни истраги кои ќе обезбедат цврсти докази за обвиненија кои ќе бидат презентирани пред судовите.

November 6, 2019 14:55
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Иднината на истражниот центар, вработените, опремата и се што е поврзано со функционирањето на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) треба да се реши со нови одредби кои треба да се донесат од надлежен орган, велат за МИА од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Посочуваат дека Јавното обвинителство на Република Северна Македонија нема надлежност да решава за овие прашања.

Неодамна започна имплементацијата на 18 месечниот ИПА Твининг проектот насловен како „Градење на институционалниот капацитет на Истражниот центар‘‘, чија цел е подобрување на ефикасноста и ефективноста на кривичната правда преку ефикасно функционирање на истражните центри и обезбедување на брзи, транспарентни и ефикасни предистражни и истражни постапки во борбата против криминалот.

Проектот е составен од три компоненти и е наменет за поддршка за формирање на истражни центри во Основното јавно обвинителство за борба против организираниот криминал и корупцијата и канцелариите за јавни обвинители со проширена надлежност кои имаат најголем број предмети (ОЈО Скопје, ОЈО Куманово, ОЈО Тетово).

Министерката за правда Рената Дескоска во обраќањето на стартот на проектот истакна дека истражните центри претставуваат најзначајната алатка во рацете на обвинителите и оти крајната цел на овој проект е да се постигнат ефикасни и мултидисциплинарни истраги кои ќе обезбедат цврсти докази за обвиненија кои ќе бидат презентирани пред судовите.

Во врска со распределбата на предметите од СЈО, од републичкото Јавно обвинителство велат дека во континуитет се распределуваат предметите кои се во истражна, како и оние кои се во предистражна постапка.

– Зависно од обемот, сложеноста на секој предмет поединечно, можно е во дел од предметите да се распределат и други јавни обвинители кои заедно ќе постапуваат во нив, посочуваат од ЈОРСМ.

Овластувања за постапување по предмети, како што потсетуваат, им се дадени на јавни обвинители кои беа распоредени од СЈО во основните јавни обвинителства, а приоритетно јавни обвинители се распределуваа во предметите кои се во фаза на судење, од причина што беше неопходно да се обезбеди непречен тек на постапката.

Од ЈОРСМ велат дека безбедноста на предметите од СЈО е обврска на јавните обвинители кои се распределени да постапуваат по нив, а контролата над спроведувањето на овие безбедносни мерки ја вршат двајца јавни обвинители.

-Во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите продолжува да се спроведуваат досегашните безбедносни мерки и начинот на движење на предметите, доказните материјали и материјалите од прислушуваните разговори. Контролата над спроведувањето на овие мерки ја вршат двајца јавни обвинители, велат од ЈОРСМ.

Посочуваат дека со преземањето на надлежноста за постапување во предметите од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, се применуваат и важат одредбите на законите кои се релевантни и за другите предмети од обвинителствата. Па така, согласно со Законот за јавно обвинителство, во втор степен, односно пред Апелацискиот суд постапува јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство, па со оглед на тоа во предметот „Титаник 2“ пред Апелација застапник на Јавното обвинителство е јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје.

Од републичкото Јавно обвинителство апелираат за побрзо донесување на новиот Закон за јавно обвинителство, бидејќи одложувањето на неговото донесување не оди во прилог на заложбите за ефикасна, независна борба против криминалот во државата.

-Потребни се нови решенија со кои Јавното обвинителство ќе може целосно да одговори на задачите, но и да ги спроведува постапките на ефикасен начин. Со оглед на тоа што донесувањето на новото законско решение е обврска на законодавниот дом, апелираме на заложби за донесување на Законот за јавно обвинителство со кој ќе се обезбедат меѓународните стандарди и принципи за нашето работење, велат од ЈОРСМ за МИА.

Next Post

Макрадули: Во првите шест месеци од годинава казнети 242 загадувачи на животната средина

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk