ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Министерката Ангеловска меѓу седумте жени-амбасадори на дигитална трговија на ОН

Жените-амбасадори на е-трговијата, меѓу кои и новата министерка за финансии, Ангеловска, ќе им се придружат на светските лидери во разгледувањето на досегашните резултати од имплементацијата на Агендата 2030 – Цели за одржлив развој на Обединетите нации и ќе дискутираат за унапредување на оваа агенда.

September 22, 2019 10:46
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за финансии Нина Ангеловска е една од седумте жени-претприемачки во светот, избрана од Обединетите нации за „Жена-амбасадор на е-трговијата“. На 74-то Генерално Собрание на ОН, кое ќе се одржува од утре до 26 септември во Њујорк, Ангеловска ќе биде промовирана како една од првите „жени-амбасадорки на е-трговија“, јавува МИА.

Како што соопшти владината прес-служба, станува збор за уникатно признание кое го доделува телото на ОН за трговија, инвестиции и развој УНКТАД (Конференција на ОН за трговија и развој), како дел од иницијативата „Е-трговија за сите“.

Жените-амбасадори на е-трговијата ќе им се придружат на светските лидери во разгледувањето на досегашните резултати од имплементацијата на Агендата 2030 – Цели за одржлив развој на Обединетите нации и ќе дискутираат за унапредување на оваа агенда.

Од УНКТАД иницијативата – „Е-трговија за сите“ истакнуваат дека „супер седумката“ е избрана со цел да се поттикнат и инспирираат жените во светот да преземат иницијативи и да ги искористат предностите кои ги носи глобалната дигитална економија, која е во постојан развој. „За забрзување на економскиот раст и намалувањето на сиромаштијата во земјите во развој, потребно е да се искористи позитивното влијание на дигиталната технологија во комбинација со трансформативната моќ на претприемништвото кај жените, се вели во објавата на УНКТАД.

Нина Ангеловска е на листата на 100 најуспешни жени основачи на старт-апи во Европа. Во 2016 година еминентниот германски магазин The Hundert ја вбројува Ангеловска во листата на 100 најуспешни жени основачи на старт-апи во Европа (100 Female Founders Europe), а во 2018 година магазинот Forbes ја наградува со престижното признание “30 под 30” (30 Under 30) за Европа во категоријата Малопродажба и Е-трговија. (извор: ЦИВИЛ Медиа)

Покрај министерката Ангеловска, која ова признание го добива како коосновачка на Групер.мк, првата дигитална платформа за е-трговија од овој тип во Република Северна Македонија, останатите избрани „амбасадорки на е-трговија“ се: Ксиаофеи Јао од Кина, основачка и извршна директорка на Rogrand, Клаудија де Хередиа од Мексико коосновачка и оперативна директорка на Kichnik, Хелианти Хилман од Индонезија, основачка и извршна директорка на Javara, Назанин Данешвар од Иран, основачка и извршна директорка на Takhfifan и Кларис Ирибагица од Руанда, основачка и извршна директорка на DM.HeHe.

– Веќе неколку години наназад придонесот и работата на Ангеловска е препознаена низ светот. Меѓу позначајните меѓународни признанија е и признанието од Форбс кој ја вброи во листата на 30 најуспешни и инспиративни млади лидери под 30 години во Европа во категорија „е-трговија и малопродажба”. Ангеловска е единствена од Европа која сега го добива признанието од УНКТАД вбројувајќи ја во седумте одбрани жени-амбасадори, наведува Владата во соопштението.

Инаку, целта на иницијативата на УНКТАД – „е-трговија за сите“ е да придонесе во креирањето  политики во националните и меѓународните дијалози во насока на еманципација и развој на способностите на следната генерација на жени-претприемачи. Таа е предводена од УНКТАД, а поддржана и од владата на Холандија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Европска недела на спортот од 23 до 30 септември

Discussion about this post

НАЈНОВО

Ацо Лукароски. Фото: лична архива

Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

October 21, 2025

Над 8.000 граѓани вакцинирани против сезонски грип, се спроведува и вакцинација во домашни услови

October 21, 2025

Врисокот на Кочани

October 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk