ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Новинарот Митановски му предаде збирка со стари фотографии од СВП на директорот Тасевски

August 30, 2020 11:11
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Богатата архива на Струшките вечери на поезијата од денеска е уште побогата, со чинот што го направи новинарот, публицист и културен работник, Веле Митаноски. Тој на директорот на СВП, Тодорче Тасевски, му предаде вкоричена и систематизирана збирка на стари фотографии, од настани на поетскиот фестивал, почнувајќи од 1970 година.

Примајќи го невообичаениот подарок, Тасевски рече дека е тоа драгоцен прилог, кој ќе ги поттикне да продолжат со целосното средување на и така богатата архива, која ќе биде дигитализирана и во трајна форма ќе сведочи за развојот и афирмацијата на СВП.

Поетот, учесник на годинешното издание, професор д-р Христо Петрески, чинот на својот колега го нарече срдечен, хуман и несебичен гест.

-Колегата Митаноски се одважи да преотстапи едно долгогодишно историографско сведоштво за повеќе генерации учесници на СВП, кое ќе биде драгоцено за подготвување на јубилејната монграфија догодина, една драгоцена збирка на настани и личности. На овие фотографии не им требаат зборови, тие зборуваат самите-без зборови. СВП го заслужуваат тоа, Митаноски и сите ние кои сме биле дел од струшкиот, а истовремено и светски поетски фестивал, знаеме за какви артифакти станува збор, рече тој.

На чинот на предавањето, присуствуваше и познатиот српски поет Мајо Даниловиќ, како учесник, но и во својство на специјален пратеник на генералниот секретар на Светската академија на поезијата при УНЕСКО,  д-р Лаура Троиси.

-Возбуден сум од овој чин кој не сум го видел на друго место. Чин на збогатување на една ризница од факти, за една од најголемите поетски приредби во светот. Несебичен чин кој доаѓа од еден човек, еден од највозрасните сеуште активни новинари, на некој начин потписник на азбуката на новинарството во регионот, човек кој повеќе од половина век се бори за воистиновување на вистината, потенцираше Даниловиќ, инаку високо рангиран во Светската академија на поезијата и прв човек на Оделението за Балканот и словенскиот свет.

Next Post

Троиси: Струшките вечери на поезијата“ се најдобриот амбасадор на културата, гостопримството и креативниот дух на македонскиот народ

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk