Тешка е помислата дека останувате уште 4 години во опозиција и разбирлива е фрустрацијата, затоа што вие сте Дормео опозиција, сите важни прашања ги преспавте, му реплицираше претседателот на СДСМ и мандатар, Зоран Заев на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
– Немавте ниту тронка храброст кога требаше да се носат одлуки и дома и кога требаше да се решаваат сите отворени прашања со соседите. Ги преспавте сите важни одлуки, немавте став за ништо, ниту како власт, ниту како опозиција, му порача Заев на Јанушев.
Денес, порача Заев ние сме 30 земја членка на НАТО и започнуваме преговори со ЕУ, а нема никаков придонес од ВМРО-ДПМНЕ за тоа.