ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Опозицијата истури цел арсенал од навреди и вулгарности во викенд расправата за избор на нова влада

August 30, 2020 22:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Опозиција кој треска по собраниската говорница, се заканува со масовни протести, дисквалификува, навредува. Контранапади од власта, аплаузи, навреди, довикувања и надмудрувања – дводневен циркуз без пари во Собранието, наместо конструктивна дебата на расправата за избор на влада.

Игор Јанушев, Александар Николоски и Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ беа најгласни деновиве. Дури и видно нервозни и растревожени. Дискредитираше и Димитар Апасиев од Левица кој изјави дека СДСМ треба да си заминат откако го „оставиле“ македоснкиот народ без идентитет, веднаш по референдумот во 2018 година. Мизрахи дебатираше со Заев за Гоце Делчев, на што тој ѝ одговори дека народот им покажал на избори кому му верува.

Николоски најави масовни протести за уривање на владата, Јанушев викајќи на сиот глас рече дека Заев бил Топ шоп мандатар, на што Заев му врати дека ВМРО-ДПМНЕ се заспана Дормео опозиција која никаде ја немало кога се решавале суштинските прашања.

„Заев е топ шоп мандатар, зошто тој секогаш вели и ветува дека може повеќе. Три години го слушаме како ветува и секоја година е така, рече Јанушев во текот на вчерашниот ден. Заев му врати :„Нема топ-шоп влада има дормео опозиција, затоа што преспавте додека се решаваа сите крупни прашања во државата, немате став. “

Заев повторно ги ветува истите лаги за подобар живот, а имаме нов ТАТ и 40.000 невработени, повторно викаше Јанушев.

Заев му реплицираше на Јанушев дека всушност со ваквиот настап, тешка им е помислата дека уште четири години ќе бидат во опозиција.

Јанушев и кога го гледа јавноста и кога не го гледа се однесува исто, тропа на маса и вика од место,  јасно е, голема е нервозата кај него затоа што секој ден некој од партијата им бара оставка, а оставка се бара од главата или од оној кој имал најлоши резултати, како Јанушев што имаше во ИЕ3, му порача пратеникот на СДСМ, Дамјан Манчевски на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.
„Кога веќе зборувате за криминал и корупција, свртете се лево десно околу вас и избројте колку кривични пријави имате. Правдата ќе ве стигне, ќе има и прочистување на судството, нема веќе бегање од одговорност“, посочи Манчевски.
Дури и претседателот на Собранието Талат Џафери посочи дека нема можност да го исклучат микрофонот, но најави дека по три опомени може и да избрка пратеници кои нема да ги почитуват правилата на парламентарнта дискусија.
„Во кој парламент има тепање и лупање на маса? Е, па, ај да се степаме тука сите? Колегијално, не ми дофрлувај додека зборувам Игоре. Не се согласувам дека колегите треба да се апострофираат како топ шоп, паметњаковиќ… Не ми држете предавања, јас можам два пати да ве опоменам, и третиот пат да ве избркам”, му возврати Џафери на Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

Гордана Сијлановска Давкова обвини дека владата е „машка“ и искритикува и функцијата вицепремиер за спречување корупција е несоодветна, бидејќи секој министер е потенцијален клиент на антикорупционерите.

„Владата е машка, а тука имаше феминистки кои маршираа, а како само 4 се, наспроти 16 мажи, против сум вечното менување од пратеник во градоначалник и во министер, тоа е опасно, нагласи Силјановска.

Во текот на вчерашниот ден, претеничката Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ пак зборуваше за изјавите на Зоран Заев во однос на промената на името, промената на Уставот, неколкуте негови изјави низ годините за датумот за членство во Европската унија, па рече дека Заев излажа за се и за името, и за Уставот и за датумите за членство.

И сега дали ќе се откажете од јазикот или од Гоце Делчев, како што се откажавте за името за кое се колневте во своите деца? – го праша Мизрахи, Заев.

Дарко Костовски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ денеска на вториот ден од собраниската седница за избор на нов владин кабинет, на пратениците од СДСМ им порача дека секогаш кога тие биле на власт забрзано со деструктивни политики ја разнебитуваат Република Македонија како на национален така и на економски аспект.

„Пред нас е избор на влада која системски која како по книга ги урива темелите на Република Македонија, во последните три години со засилено темпо, но и многу порано т.е секогаш кога биле на власт во Македонија луѓето од СДСМ. По редоследот на нештата се плашам дека во период пред нас уште повеќе ќе забрзате со деструктивните системски политики за разнебитување на Македонија, како на национален така на економски правен одбранбен аспект“, вели Костовски.

Поттикнат од говорот на пратеникот Дарко Костовски од ВМРО – ДПМНЕ кој го критикуваше СДСМ во продолжението на седницата за избор на влада, пратеникот Илија Николовски од Партијата на пензионерите од говорница порача дека основа на говорите на пратениците од ВМРО – ДПМНЕ е љубомора и завидување.

„Во вашите дискусии видов нешто што се вика љубомора или завидување. И токму на таа теза ги основате целокупните ваши дискусии. Зборувате за криминал, зборувате за корупција, а влегувате во симболот на криминалот на Република Северна Македонија. Опкружени сте од сите страни со криминал. Вашето раководство е составено од енормно богати луѓе, кои во еден џеб носат странски пасоши најголем дел бугарски, а не го признавате Договорот за добрососедство со Бугарија. Го критикувате договорот со Грција, а имате вили и викендици на Халкидики. Ја критикувате министерката Шекеринска затоа што таа е министерка кога Македонија влезе во НАТО. Затоа што таа сега е министерка која седи заедно со министрите од најјаките светски сили и учествува до донесување на геостратегиски и политички одлуки“, рече пратеникот Николовски.

Додека зборуваше пратениците му дофрлија дека е полтрон, а тој само кусо им одговори да го слушаат и да се нервираат.

Николовски нагласи дека не дозволува никој на земјината топка да се претставува како поголем патриот од него, оти во најмлака рака, можеле да бидат еднакви патриоти, а потоа му објасни на Костовски дека единицата „Волци“ не е уништена, туку трансформирана.

Интересно е што, пратеникот од НСДП Горан Мисовски се послужи со изрека на српски јазик и им порача на ВМРО-ДПМНЕ дека новата влада ќе трае.

„Оваа влада ќе трае, мало сутра дека ќе падне веднаш. Четиригодишен мандат ни е обезбеден“, рече пратеникот Мисовски чии зборови едвај се слушаа од галамата во Собранието што ја правеа пратениците револтирани од неговиот говор.

Тој ги пофали досегашните реформи спроведени под водство на Зоран Заев и рече дека новиот мандат е можност да продолжат со реформите.

Мандатарот за состав на новата Влада, претседателот на СДСМ Зоран Заев во експозето пред пратениците ги претстави економските политики за следните 4 години.

Една од клучните работи, според Заев во следните 4 години ќе биде намалување на последиците врз економијата од коронакризата, зголемување на платите, но и отворање на нови работни места.

Стапката на невработеност за време на кризата ќе ја држиме стабилна, а по завршување на кризата ќе продолжиме да ја намалуваме за 3% годишно како што тоа го правевме во изминатите три години. Конечна цел е едноцифрена стапка на невработеност до крајот на овој мандат.

Домашните и странските инвестиции ќе ги поддржиме со 300 милиони евра од домашните буџети и 300 милиони евра од европските фондови, посочи Заев.

Мандатарот за состав на новата Влада, Зоран Заев, во своето експозе се обрати и кон министрите во следната Влада порачувајќи им дека од нив очекува одговорност, очекува работа единствено во интерес на граѓаните и државата. „Да ги ставите интересите на граѓаните и државата на прво место. Имате привилегија во вашата работа да донесете добро за нашата држава и нашиот народ- Искористете ја! Очекувам посветена работа и целосно да се вградите и да водите процеси кои носат трансформација на подобро. И никогаш не заборавајте дека секој од вас е одговорен и пред граѓаните и пред законите – нема толеранција за прекршување на законите или етичките норми, без разлика на функцијата која ја извршувате“, порача мандатарот Заев.

Тој на идните функционери им порача дека следува одговорност за секое прекршување на законите, без разлика дали некој извршувал каква било државна функција.

И.З.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Заев: Време за модерна држава, правда инвестиции, развој и иднина за младите, опозицијата треба да почне да има став

НАЈНОВО

Зеленски: Нема да ги користиме ракетите „Томахавк“ врз цивилни цели во Русија

October 12, 2025

Мирен изборен ден во Косово со излезност под 40 проценти

October 12, 2025
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk